Регион
Скандал со прислушување ја тресе Албанија

Директорот на Албанската полиција по барање на јавното обвинителство и одлука на Судот во Тирана е разрешен поради незаконско прислушување, јави дописникот на Макфакс.
Директорот Хаки Чако е разрешен поради „злоупотреба на службената должност“, соопшти судот. Притоа по барање на Обвинителството , судот одреди куќен притвор за тројца високи функционери во полицијата поради обезбедување на докази.Државното јавно обвинителство ги презема сите потребни истражни активности за обезбедување на додатни докази соопшти претставник на институцијата. „Директорот на полицијата Хаки Чако не ги има преземено потребните мерки во согласност со законот околу користењето на опремата за прислушување која е донесена од Италија, заради обука на албански инспектори за одредени активности, а таа била злоупотребена за прислушувања надвор од законот“, се наведува во соопштението на јавното обвинителство. Медиумите јавија дека во својот прв исказ директорот на полицијата демантирал дека опремата е злоупотребана и користена за прислушување. Опозицијата побара оставка на министерот Саимир Тахири, кој застана на страна на заштита на директорот на полицијата, тврдејќи дека јавното обвинителство не е во право бидејќи опремата не е злоупотребена. /крај/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.