Регион
Склучен првиот геј брак во Загреб

Во Загреб во петок е склучен првиот геј брак или како што се нарекува „животно партнерство“, објави организацијата Zagreb Pride на нивната Facebook страна, пренесува порталот Index.hr.
„Среќно и сè најдобро на двајцата младоженци од Zagreb Pride“, им посакала организацијата, со фотографија од првиот документ за животно партнерство со текст: „Во Хрватска вечерва е создадена историјата, еве како изгледа првиот документ за склопување животно партнерство“.
Повеќе детали за првиот геј брак во Хрватска за сега не се познати. Според информации на Index.hr станува збор за мала церемонија само за семејството, но како што дознава порталот на венчавката присуствувал и министерот за администрација, Арсен Баук, кој им подарил две кравати на младоженците.
„Точно е. Во име на Република Хрватска им подарив две кравати. Тоа е симболичен подарок на првата двојка која склопи животно партнерство“, рекол министерот за Index.hr и открил дека до сега примиле 17 барања од различни делови од Хрватска за склопување животно партнерство, а најмногу од Загреб.
На 15-ти јули хрватскиот Сабор го усвои Законот за животно партнерство кое е дефинирано како заедница за семеен живот на две лица од ист пол.
Можност за склопување на геј бракови во Хрватска имаат и странци.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.