Регион
Словенечката државна управа од лето започнува да работи во е-облак

Словенечката државна управа кон средината на ова година ќе премине на работење во ‘компјутерски облак’, напредна технологија за електронско работење, по цели 15 години по донесувањето на првиот закон за е-управа и електронски потпис, а целиот проект чини 14 милиони евра.
Новата платформа е воспоставена кон крајот на минатата година, а ќе стане оперативна кон крајот на јуни.На неа најпрво ќе биде префрлено работењето на финансиските установи, а потоа царинскиот информациски систем, по што ќе следат внатрешни работи и други системи.Инвестицијата тешка 14 милиони евра би требало да се амортизира во рок од три години, а со 85 отсто од средствата ги кофинансираше европскиот Фонд за регионален развој, објави во среда Министерството за јавна управа на Словенија.Воспоставувањето на овој систем, според Министерството, ќе им овозможи на сите корисници на државниот буџет побрзо и поевтино постигнување на бизнис целите, јакнење на капацитетите на услугите и складирање на податоците, како и подобра безбедност и заштита на податоците, а значително ќе се намали можноста за продор во информацискиот систем или пад на одделни владини страници, како што беше случајот со интернет страницата на државната изборна комисија минатиот месец на референдумот за истополови бракови. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.