Регион
Во Турција во отсуство судење на имамот Ѓулен
Судењето на турскиот имам Фетулах Ѓулен, исламски филозоф и влијателен проповедник, поранешен сојузник а сега лут противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, започна во средата во Истанбул во отсуство на личноста кои некои ја сметаат заслужна за подемот на Ердоган, но пред судот се најдоа неколку десетици полицајци обвинети за заговор против шефот на државата и за ткн „паралелна држава“.
Сега 74-годишниот Фетулах Ѓулен, кој последните 17 години живее во егзил во САД, се товари за формирање „терористичка организација“ и фабрикување многу тешки корупциски обвинувања на сметка на исламско-конзервативната влада пред две години на тогаш премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Ѓулен и неговите приврзаници, меѓу кои поранешниот началник на полицијата во Истанбул, Јакуб Сајгили и неговиот помошник задолжен за криминалитет Казим Аксој, ја предводеле истрагата откриена на 25-ти декември 2013 година за семејството на Ердоган и за нему блиските личности во владата.
Во истрагата цел бил Билал Ердоган, синот на турскиот претседател, тогашни министри и членови на нивните семејства, како и неколку турски бизнисмени поврзани со тогашниот премиер Ердоган.
Власта тврди дека станува збор за заговор чија цел била уривањето на тогашната влада на Ердоган. Тогашната влада успеа да ја поништи истрагата со серија откази и преместувања на други функции на илјадници полициски началници, обвинители и државни функционери.
Покрај Аксој и Сајгили, на обвинителната клупа се уште 69 полициски службеници, од кои осум се во притвор. Истанбулското обвинителство за Ѓулен, Сајгили и Аксој побара најстрога можна казна, доживотен затвор. За нивните наводно соучесници, пак, побарани се казни од седум до 330 години затвор, за учество во наводна организација што властите го нарекуваат Фетулистичка терористичка организација (FETO).
Ѓулен, кој живее во американската сојузна држава Пенсилванија од 1999 година, и кого САД одбија да го екстрадираат во Турција на барање на владата во Анкара, ги отфрла обвинувањата.
Иако долг период живее надвор од Турција, Ѓулен има големо влијание во татковината преку приврзаници во различни сегменти од општеството, од политиката и правосудството, медиуми и широката мрежа специјални приватни образовни институции за дополнително образование за сите возрасти./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик не го признава геноцидот во Сребреница: „Ќе однесеме цвеќе, ако не навредува никого“
Во четвртокот, лидерот на Србија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изрази подготвеност да го посети Меморијалниот центар Поточари во Сребреница и да положи цвеќе на заедничкиот споменик подигнат во спомен на масакрот на Бошњаците за време на војната, но тој повторно негираше дека таму имало геноцид.
Во интервју за новинската агенција на Република Српска, претседателот Додик најави дека владата и целото раководство на овој ентитет ќе заседаваат во Сребреница на 2 мај 2024 година, кога ќе се одржи дискусија пред Обединетите нации и се очекува гласање за Резолуција за осуда на геноцидот во тој град во летото 1995 година.
Резолуцијата е поддржана од дваесет земји, меѓу кои САД, Обединетото Кралство и Германија и се очекува нејзино усвојување. Целта е да се интернационализираат страдањата на Бошњаците во Сребреница.
Водечките српски претставници од Белград и Бања Лука, претседателите Александар Вучиќ и Милорад Додик, тврдат дека ова е обид да се префрли вината на српскиот народ.
„Република Српска нема да ја прифати резолуцијата за Сребреница за која ќе се одлучува во Генералното собрание на ОН бидејќи се што е напишано во неа е лага. Босна и Херцеговина не може да живее врз основа на тоа дека едната нација во неа е оквалификувана како геноцидна“, рече Додик.
Сепак, тој изрази подготвеност да им оддаде почит на жртвите од масакрот во Сребреница.
„Ако ни се укаже можност, на 2 мај ќе однесеме венци во Поточари, ако тоа не навреди никого. Не се плашам дека би можел да завршам како Вучиќ, кој дојде да им оддаде почит на жртвите, изрази сочувство, а доби камен во главата и никој не одговараше за тоа“, истакна Додик.
Тој смета дека Резолуцијата за Сребреница сепак нема да го добие потребното мнозинство на седницата на Генералното собрание на ОН.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.