Регион
Словенечки медиуми: Словенија згреши во случајот со Харадинај
Словенија направи „непотребни лични грешки“ со апсењето на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и со одземањето на неговиот пасош, оценува словенечкиот весник Dnevnik.
Весникот додава дека грешките се направени без оглед на тоа дали меѓународната потерница против Харадинај е важечка или не.
„Кога Приштина хистерично реагира на апсењето, Словенија на некој начин ја доведува во прашање целата постапка на нејзината граница и својот суд. Фатена во непотребна политизација поради тоа што премиерот Миро Церар вети дека ќе се забрза судската постапка и бидејќи министерот за надворешни работи Карл Ерјавец рече дека Харадинај нема да ѝ биде испорачан на Србија, дури и во случај судот да го побара тоа“, пишува весникот, пренесува словенечката новинска агенција STA.
Натаму Dnevnik наведува дека ова било „храбра изјава со оглед на тоа што е нејасно кои се обвинувањата на Србија против Харадинај“.
Меѓутоа, работите се движат во целосно друг правец отколку кога Швајцарија се најде во слична ситуација пред десетина дена, кога го уапси поранешниот командант на Армијата на Босна и Херцеговина (БиХ), Насер Орлиќ.
Сараевските претставници тогаш не ги критикуваа шварјцарските власти, туку својата влаада поради тоа што не дошло до бришење на меѓународниот налог за неговото апсење, по ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал.
Од моментот кога Приштина призна дека проверила со другите земји дали Харадинај би можел да има проблем на нивните аеродроми, но не сметала дека е неопходно тоа да го направи и со Словенија, Dnevnik не наоѓа причина поради која „словенечките политичари треба да се чувствуваат лошо во врска со инцидентот“.
„Иако Харадинај најверојатно не предизвикал дипломатски инцидент, тој и натаму `неправедно го доведувa во прашање пријателството меѓу Словенија и Косово` поради што Словенија би требало да го третира како и сите останати, токму како и Швајцарија“, оценува словенечки Dnevnik“.
Чекајќи да го добие назад својот пасош, пак, Харадинај ја обвини Словенија дека игра „валкана игра со Албанците“, бидејќи „почитува потерница од држава која веќе не постои“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

