Регион
Словенечки научник осомничен за убиството на колегата
Словенечките медиуми го објавија во вторникот идентитетот на човекот кој полицијата го притворила под сомневање дека е вмешан во убиството на меѓународно признатиот научник Јанко Јамник, директорот на националниот Хемиски институт, прецизирајќи дека станува збор за поранешен колега на убиениот кој пред три месеца се кандидирал за градоначалник на Сежана од листата на една политичка партија.
Словенечките медиуми го објавија во вторникот идентитетот на човекот кој полицијата го притворила под сомневање дека е вмешан во убиството на меѓународно признатиот научник Јанко Јамник, директорот на националниот Хемиски институт, прецизирајќи дека станува збор за поранешен колега на убиениот кој пред три месеца се кандидирал за градоначалник на Сежана од листата на една политичка партија.
Необјавувајќи го името, словенечката полицијата потврдила дека во притвор е ставен поранешен вработен во Хемискиот институт, од чиј стан во главниот град Љубљана во понеделникот биле земени можни докази дека е поврзан со убиството на Јанко Јамник, кој пред една седмица беше убиени со два истрела во главата.
Според словенечките медиуми, осомничениот за убиството е доктор по физика, 58-годишниот Милко Нович. Тој во 2009 година добил отказ од Хемискиот институт поради неисполнување на работните задачи, за што меѓу него и поранешниот работодавач се воделе повеќе судски спорови.
Според љубљанскиот дневен весник Delo, полицијата и по апсењето на Нович продолжува со истрагата, па не е јасно дали тој е приведен како вистински осомничен за убиството, како нарачател или можен соучесник во злосторството коешто ја шокираше словенечката но и европската јавност.
Медиумите објавија интригантен податок дека Нович пред три месеца на локалните избори се кандидирал за градоначалник на Сежана на листата од Словенечката демократска партија (SDS) којашто ја води осудениот поранешен премиер Јанез Јанша, но добил само 8 отсто од гласовите.
Најголемата словенечка опозициска партија не го коментираше апсењето на Нович, но медиумите забележуваат дека од својата интернет страница го избришала линкот со интервјуто со сега осомничениот научник.
Педесетгодишниот Јанко Јамник, доктор по физика, во 2008 година се вратил во Словенија, каде што е поставен за директор на реномираната научна институција, по повеќе години минати на научни институти во странство, а најмногу работел за познатиот германски институт „Макс Планк“.
Научникот беше застрелан минатиот вторник, 16-ти декември, околу 19.45 часот на паркинг пред еден ресторан во љубљанската населба Вич, каде што требало да им се придружи на колегите на предбожикна вечера. Тешко повреден добил прва помош на самото место, а потоа бил хоспитализиран на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, каде што им подлегна на повредите во петокот попладне.
Полицијата во истрагата на злосторството досега испрашала повеќе од сто лица од деловното и општественото милје, како и роднини и колеги на жртвата. Засега не се исклучува ниеден мотив за убиството.
Љубљанскиот дневен весник Delo изминатиот викенд пишуваше дека полицијата се концентрира на проучување на проектите на институтот со кој раководел Јамник, особено на оние за кои имало заинтересираност за соработка од страна на надворешни партнери, и не само од странство, но од различни причини не биле избрани. Полицијата, неформално, смета дека може да станува случај за одмазда, или нарачано убиство, од некој кој не бил избран за деловен партнер на институтот./крај/мф/сн
Извор: Delo
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.