Регион
Словенечкиот арбитар во случајот „Пирански залив“ даде оставка

Словенечката влада жали што новоименоуваниот арбитар во случајот „Пирански залив“, францускиот експерт Рони Абрахам, се повлекол од позицијата.
Словенечката влада жали што новоименоуваниот арбитар во случајот „Пирански залив“, францускиот експерт Рони Абрахам, се повлекол од позицијата.
„Жалиме за оставката на Рони Анрахам на позицијата како арбитар, и не ја разбираме причината. Веруваме дека судот треба да ја продолжи својата работа, а не треба и да и дозволи хрватската арбитража еднострано да се повлече со што би се стопирал процесот“, се вели во соопштението на словенечката влада, за што сметаат дека би било спротивно од основните принципи на арбитражата.
Изразија надеж дека судот ќе продолжи и ќе ја заврши својата работа во согласност со арбитражниот договор. Најавија дек Словенија во дозоленото време ќе назначи нов арбитар.
Ова доаѓа откако хрватската влада со едногласна дозвола од Саборот се повлече од арбитражата за спорот што го имаше со Словенија околу границата кај Пиранскиот Залив и надлежноста на заливските води.
Тоа го направи откако во јавноста протекоа снимки и транскрипти од разговорите меѓу словенечкиот член на арбитражниот суд Јернеј Соколец и словенечката дипломатка оплномоштена претставничка за следење на арбитражата, Симона Дреник, како се договараат за изнесувањето на аргументите и лобирањето кај другите судии на Постојаниот арбитражен суд во Хаг за постапката за границата меѓу Словенија и Хрватска./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.