Регион
Словенечкиот премиер Миро Церар ја формираше новата владина коалиција

Словенечкиот премиер Миро Церар потпиша коалициски договор со две левоцентристички партии за формирање на влада со големо парламентарно мнозинство, пренесува AFP.
„Се согласивме да ја изнесеме Словенија надвор од кризата, да ја стабилизираме политичката сцена и да го охрабриме економскиот развој и консолидираме јавните финансии“, изјавил Церар по потпишувањето на договорот со Партијата на пензионерите Desus и Социјалдемократската партија.
Новиот словенечки премиер, 51-годишниот Церар беше избран за премиер минатиот месец, откако неговата партија победи на предвремените избори на 13 јули, само еден месец откако беше формирана.
Трите коалициски партнери, кои заедно имаат 52 од 90-те места во парламентот, се договорија да формираат 16-члена влада, односно тројца министри повеќе од претходниот кабинет на Аленка Братушек.
Приоритетите, идентификувани од страна на новата коалиција, се „економски раст, одржување на постојните работни места и создавање на нови, зголемување на конкурентноста на меѓународен план, како и стабилизирање на здравствениот систем“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.