Контакт

Регион

Словенија негира дека мигрантите од Македонија директно ќе се префрлаат во Австрија

Објавено пред

Словенија во вторникот ја демантираше веста дека државите на балканската мигрантска рута постигнале договор според кој мигрантите од Македонија директно со возови ќе се префрлале во Австрија и дека ќе се затворат мигрантските центри во Словенија.

 

 

Како што се наведува во соопштението на словенечкиот министер за внатрешни работи, во режимот за превоз на бегалци и мигранти кон Австрија и Германија не дојде до промени, а неточни се вести на словенечките медиуми дека мигрантите од Македонија директно со возови ќе се префрлаат во Австрија и дека ќе се затворат мигрантските центри, за што наводно минатата недела се договориле полициите на Австрија, Хрватска, Србија и Македонија.  

 

Словенечката полиција тврди дека воопшто не станало збор на таа тема за време на состанокот што минатата недела се одржал во Македонија.

 

За време на состанокот беше изразена поддршка за ефикасна контрола на границата со Грција, ветена е помош во полициски службеници и материјални средства, а поддржан е и предлогот за воведување на единствен образец со кој би се унифицирала постапката за регистрација на мигрантите во сите држави низ кои минуваат, наведуваат влатите во Љубљана./крај/мф/ап/

Регион

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Објавено пред

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус е 934, а на починати е 22. Направени се 25.921 тестови.

Според проценките на експертите, Словенија е на средината на епидемијата на ковид-19.

Словенија почна со тестирање на 27 јануари.

Првиот случај на заразен е потврден на 4 март во Љубљана, кај 60-годишен маж кој со поголема група сограѓани туристички престојувал во Мароко, а потоа преку аеродромот во Венеција со автомобил се вратил во Словенија.

Првиот смртен случај е регистриран на 14 март. Станува збор за неименуван повозрасен маж со низа други болести, од штитенички дом за возрасни во Метлика, на границата со Хрватска.

Во овој град заразата на повеќе пациенти и соработници, како и станари во домот за пензионери ја пренел доктор кој се вратил од скијање во Италија.

Прикажи повеќе...

Регион

Бројот на починати од коронавирус во Србија се искачи на 44

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Србија се потврдени 148 нови случаи на коронавирус, и уште пет починати, вкупно 44 досега. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 1.624 заразени.

Хоспитализирани се вкупно 1.046 пациенти, од кои 89 се на респиратори. Од официјалниот почеток на епидемијата до денеска во 15 часот, тестирани се вкупно 6.401 лице.

Директорот на Клиниката за инфективни и тропски заболувања во Белград, др. Горан Стевановиќ, изјави денеска дека и бројот на заразените и бројот на починатите би биле многу повисоки доколку надлежните не спровеле строги превентивни мерки.

Од денес во Србија на сила е дополнителен полициски час за време на викендот од сабота од 13 часот до понеделник во 5 часот наутро, со можност сопствениците на миленичиња да излезат од 23 до 1 часот, но не повеќе од 200 метри оддалеченост од местото на живеење.

Полицискиот час во работните денови е од 17 до 5 часот.

Вонредната состојба во Србија беше воведена на 15 март.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора излечен првиот пациент, на социјалните мрежи кружи список со имиња на заразени

Објавено пред

Во Црна Гора денеска се регистрирани 30 нови случаи на инфекција со коронавирус, но и првиот излечен пациент, Михајло Вукиќ од Бар, кој беше отпуштен од болницата во Подгорица и веднаш на „Фејсбук“ објави дека пристигнал дома по 20 дена напорна борба.

Вукиќ се заблагодари на медицинскиот персонал во Клиничкиот центар во Подгорица, посочувајќи дека е горд што не заразил никого со вирусот.

„Горд сум што не заразив никого и не ставив во ризик никој од моето семејство, колегите и пријателите. Благодарам на сите медицински сестри, техничари и лекари во Клиничкиот центар Подгорица, како на оние на интензивна нега, така и на оние на инфективната клиника кои работат во многу тешки услови“, напиша Вукиќ на „Фејсбук“.

Во Црна Гора, во последните 24 часа се пријавени 30 нови случаи на инфекција, што значи дека во земјата вкупно заразени се 174 лица.

Друга важна вест од оваа земја, поврзана со коронавирусот, е тоа што државното обвинителство во Подгорица се занимава со случај за објавување список преку социјалните мрежи, со над 60 имиња на лица заразени со коронавирус.

Претходно, невладини организации, политички партии и народниот правобранител го осудија објавувањето на списокот на пациенти и побараа гонење на одговорните.

„Да ја почитуваме приватноста, да престанеме со стигматизацијата, да ги заштитиме другите“, порачаа од невладината „Граѓанска алијанса“ на „Твитер“.

Црногорската влада, исто така, го осуди објавувањето на имињата на пациентите со коронавирус и ги повика надлежните државни институции итно да го испитаат изворот на овој список и да ги идентификуваат оние што ги шират ваквите информации.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14...

Свет26 минути

Кина повеќе не е во првите пет земји во светот по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000...

Свет2 часа

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија13 часа

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион14 часа

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа15 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија15 часа

(Видео) Кога и како се носат маските за вистински да се заштитиме од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“ објави видео на кое е прикажано како правилно се носат маските за вистински...

Македонија18 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија19 часа

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет19 часа

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет21 час

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет23 часа

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија23 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет1 ден

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија1 ден

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет1 ден

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет1 ден

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија2 дена

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет2 дена

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет2 дена

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Досие