Регион
Словенија од лани регистрира регрутирање за кризните подрачја, пронајдено оружје кај исламисти
Словенечките безбедносни служби од минатата 2013 година регистрирале заминување на словенечки државјани во кризните жаришта во странство, но полицијата не може кривично да ги гони бидејќи според тамошните закони тоа не претставува кривично дело, објави во четвртокот словенечката полиција, а телевизијата POT TV соопшти дека во средата во главниот град Љубљана и во Врхника биле извршени претреси на домови на лица кои се осомничени дека се бореле во Сирија на страна на џихадистите при што било запленето поголемо количество оружје.
Словенечките безбедносни служби од минатата 2013 година регистрирале заминување на словенечки државјани во кризните жаришта во странство, но полицијата не може кривично да ги гони бидејќи според тамошните закони тоа не претставува кривично дело, објави во четвртокот словенечката полиција, а телевизијата POT TV соопшти дека во средата во главниот град Љубљана и во Врхника биле извршени претреси на домови на лица кои се осомничени дека се бореле во Сирија на страна на џихадистите при што било запленето поголемо количество оружје.
Двете лица чии домови биле претресувани во средата по истрагата во средата навечер биле ослободени, бидејќи не претставувале опасност за Словенија, а ќе бидат кривично гонети за недозволено поседување оружје.
Станува збор за словенечки државјани кои преминале на исламот, под влијание на Билал Босниќ, кого полицијата во Босна и Херцеговина неодамна го уапси во рамките на акцијата „Дамаск“, а кој промоцијата на исламот ја вршел и меѓу дел од припадници на исламската вероисповед во Словенија, пренесува телевизијата POP TV.
Според тврдењата на телевизијата, која се повикува на разузнавачки извори, безбедносните служби на оваа земја се сомневаат дека под влијание на екстремниот ислам биле уште најмалку 15 лица во Словенија. Меѓу нив има и словенечки и странски државјани, а словенечките служби за нив разменуваат информации со полициите на соседните држави.
„Од минатата година регистриравме повеќе случаи на регрутирање на словенечките државјани и нивно учество во операции во кризните области, но тоа нашиот закон не го третира како кривично дело“, изјави во четвртокот на прес-конференција во Љубљана директорот на криминалистичката полиција Марјан Фанк, кого го цитира агенцијата STA.
„Словенечкиот закон самото учество во воени операции во странство или делување во странски војски не го третира како кривично дело“, додал Фанк појаснувајќи дека за кривичен прогон би требало да има сомневање дека таквите лица учествувале во терористички акции или сториле други кривични дела против човечноста, според меѓународното право.
Кога станува збор за регрутирањето борци за конфликтите во областите коишто ги контролираат екстремистите во Ирак и во Сирија, Фанк изјавил дека станува збор за релативно нова појава, па оттаму тоа не е регулирано со закони. Во врска со словенечките државјани кои се бореле во таквите единици, рекол дека соработуваа со полициите на другите држави, но дека оценуваа тоти бројот на таквите лица е минимален.
Неколку словенечки медиуми претходно седмицава, повикувајќи се на процени на словенечката разузнавачка агенција SOVA, пишуваа дека во Сирија и во Ирак на страната на џихадистите се бореле или се борат петнаесетина словенечки или странски државјани со постојан престој во Словенија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, во сила црвено предупредување
Бурата Адел ја зафати Атика носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави „Катимерини“.
Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, а времето се очекува да се подобри дури од недела.
27.11.2025#Greece
Civil Defense issued a red alert for parts of Western Greece due to storms. A magnitude 112 storm was recorded in Corfu and in Aetolia and Acarnania, causing roads to be flooded and rivers to overflow their banks.@meteohellas pic.twitter.com/KTfXl8eIhX— Climate Review (@ClimateRe50366) November 27, 2025
Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и за северните делови на земјата, како и за источниот Егеј, каде што бурите може да бидат придружени со град и многу силни ветрови.
Καλημέρα#Rain #storm #athens pic.twitter.com/AiDXwElNTy
— Dimitrios Karvountzis (@DKarvountzis) November 28, 2025
Цивилната заштита е во целосна готовност.
По состанокот на Комитетот за процена на ризикот, државниот апарат беше активиран во областите во кои се очекуваат најинтензивни катастрофи.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита објави дека мерките со највисоко ниво на подготвеност – црвено предупредување – се воведени за северен Егеј и за Додеканезите.
Според метеоролозите, најкритичниот период ќе биде првите 12 часа од петок – од рано наутро до пладне – додека системите на бури ќе се движат кон Додеканезите во текот на денот.
А Атика може да очекува обилни врнежи од дожд, иако помалку интензивни од најзагрозените области.
Противпожарните служби и цивилната заштита се во целосна готовност за можни интервенции.
Обилни врнежи од дожд и бури се прогнозираат за денес во делови од Халкидик, Серес, Кукуш и Солун до попладне на Јонските Острови и во западен и јужен Пелопонез, како и на Додеканезите во текот на вечерта.
Фото: принтскрин
Регион
Речиси 9.000 Турци ја напуштиле Црна Гора по инцидентот со избодениот Црногорец и воведените визи
Од крајот на октомври, кога владата на Црна Гора привремено воведе визи за државјаните на Турција, земјата ја напуштиле 8.935 Турци, соопшти Министерството за внатрешни работи за „Вјести“. Во истиот период биле поднесени 320 барања за виза, од кои 194 одобрени, 29 одбиени, а 97 се во постапка, според Министерството за надворешни работи.
Одлуката за повторно воведување визи следува по инцидентот во подгоричко Забјело кога беше ранет 25-годишен маж. Иако полицијата првично посочи турски државјанин како осомничен, подоцна се покажа дека напаѓачи биле двајца Азербејџанци.
Воведувањето визи предизвика критики и страв од економски последици бидејќи Турците се меѓу најголемите инвеститори во Црна Гора, а турскиот капитал е присутен во речиси 20 отсто од регистрираните фирми во земјата
Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ изјави дека визите би можеле да бидат укинати за 10 до 15 дена, но конкретен датум не е наведен.
Експертите предупредуваат дека Црна Гора, за да го усогласи визниот режим со Европската Унија, мора да изработи јасен план и да обезбеди дека либерализацијата нема да доведе до злоупотреби или проблеми со миграциите бидејќи ЕУ бара строги гаранции за заштита на своите надворешни граници.
По воведувањето визи, следуваше серија ксенофобични инциденти во земјата: напади врз турски локали, пожар во објекти, обиди за насилство и организирање народни патроли, кои бараа Турци по населбите. Полицијата уапси повеќе лица за насилство, потпалувања и ширење омраза.
Регион
Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби
Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна затворска казна за убиство што го извршил пред 28 години во земјата по што побегнал во Грција, јавуваат грчките медиуми.
Тој беше притворен и уапсен во Катерини во мај по европска потерница. Судските власти од Македонија бараа негова екстрадиција за да издржи 15-годишна затворска казна за убиство од ноември 1997 година врз 37-годишниот Сеат Ибраими.
Злосторството било извршено среде бел ден во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица на скопските улици по што Ибраими, возејќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“ на улицата 11 Октомври. Боцевски застанал зад него, излегол од возилото и го застрелал Ибраими со повеќе истрели.
„Тој самиот, преку своите адвокати, изјави дека во тоа време служел во личната гарда на тогашниот претседател на земјата, Киро Глигоров, и тврдеше дека бил цел на напад од политички причини“, пишува „Ин.гр“.
Според неговите тврдења, тој бил затворен 90 дена, а потоа ослободен, по што побегнал со пасош и се населил трајно во Грција.
„Водам бизнис со соби за издавање во Пиерија“, рекол тој, меѓу другото, кога бил повикан да се појави пред Одборот за жалби за време на расправата.
Оценувајќи дека казната застарила поради истекот на 20 години, според грчкото кривично право, судиите на Советот го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Македонија.

