Регион
Словенија: Одбиен предлогот веднаш да се признае независна Палестина
Словенечкиот парламент расправаше во петокот зад затворени врати по предлогот од опозициската партија Здружена левица (ZL) за можноста Словенија веднаш да ја признае независноста на палестинска држава, но предлогот кој го поддржале само два пратеника во комисијата не е прифатен.
Словенечкиот парламент расправаше во петокот зад затворени врати по предлогот од опозициската партија Здружена левица (ZL) за можноста Словенија веднаш да ја признае независноста на палестинска држава, но предлогот кој го поддржале само два пратеника во комисијата не е прифатен.
Наместо тоа, на предлог на министерот за надворешни работи Карл Ерјавец, прифатено е таквиот предлог, кога за него ќе бидат исполнети неопходните околности, да го даде владата на премиерот Миро Церар, при што се повикува владата „да ги уважи сите аспекти и ефекти“ при носењето на одлуката, и предлогот да му го упати на парламентот кога за тоа ќе се создадат услови, пренесува словенечката агенција STA.
Рокот за признавањето на независна Палестина, парламентарната комисија не го дала.
Словенечкиот претседател Борут Пахор неодамна изјави дека ги поддржува настојувањата Словенија да ја признае Палестина како независна држава, и истакна дека меѓународната заедница мора да го забрза признавањето на независната палестинска држава.
Партијата на Здружената левица (ZL), којашто има пет пратеника, пред три седмици побара свикување итна седница на комисијата за надворешни работи на парламентот на Словенија за признавање на Палестина. Според претставниците на оваа партија, независноста на Палестина веќе ја признале повеќе од сто држави, оти таквото признавање постои основа во резолуцијата на Обединетите нации од 1947 година, како и дека поттикнувањето за изјава за признавање на Палестина неодамна при посетата на Израел, на Западниот брег и на Појасот Газа, даде и високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.
Дека сметаат оти дошло времето Словенија да ја признае независната палестинска држава потврдија и Социјалните демократи (SD) кои учествуваат во коалициската влада на премиерот Миро Церар.
Последните седмици со јавни изјави за признавање на независноста на Палестина се изјаснија и двајца пратеници од Словенија во Европскиот парламент, пратеничка од Социјалните демократи (SD) Тања Фајон и европратеникот од Демократската партија на пензионерите (DESUS) и поранешен министер за надворешни работи, Иво Вајгл.
Според палестинските претставници, 134 земји ја признале Палестина, од кои седум се членки на Европската унија коишто го сторија тоа пред влегувањето во ЕУ – Чешка, Унгарија, Полска, Бугарија, Романија, Малта и Кипар. Кон нив пред околу две седмици се придружи Шведска како првата западна држава од ЕУ којашто ја призна Палестина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос

