Регион
Снег во Хрватска, црвен аларм во Загреб

Подрачјето на Загреб во среда го погоди силно невреме со врнежи и грмежи, а во Горски Котар паѓа снег.
Огласен е црвен аларм за Загреб и околината, северна Хрватска, Славонија и Барања, како и за северното приморје и Истра, а има предупредувања и за можни оркански ветрови.Во текот на претпладневните часови се очекува престанување на врнежите, додека попладне се очекува делумно разведрување, јавуваат хрватските медиуми.Во останатите подрачја на Хрватска на средината на денот се очекува и смирување на невремето. Се очекува да има врнежи во источниот дел од земјата./крај/хр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Жена паднала од девети кат во Косово, починала на лице место

Жена почина вчера откако падна од зграда на улица во Косово.
Ш. Мустафа (46) го загуби животот откако падна од деветтиот кат на зградата.
Веста според тамошните медиуми ја потврдила портпаролката на полицијата во Приштина, Фљора Ахмети.
Таа вели дека информацијата за случајот ја добила околу 16:20 часот.
„Околу 16:20 часот добивме информација дека едно лице (жена) паднало од зграда на улица во Косово и починала. Смртта на жртвата ја потврди медицинскиот тим на лице место“, рече Ахмети.
Полицијата, во координација со државниот обвинител, започна истрага за смртта и ги презема сите потребни истражни мерки за разјаснување на околностите на настанот.
Регион
(Видео) Силно невреме во Хрватска: падна град со големина на лешник, дождот ги блокираше улиците

Денес попладне, Хрватска беше погодена од силно невреме.
Град со големина на лешник паѓаше неколку минути, и предизвика штета врз овошните насади и растенијата.
Според прогнозата, невремето би требало да се смири до вечерта.
„Истрамет“ пишува дека огромни количини дожд наврнале на крајниот југ од Истра. Тие забележуваат дека дождот предизвикал и поплави.
Општината апелира до жителите да не користат лични возила, освен ако не е потребно, со цел да се овозможи непречено работење на службите за итни случаи и да се избегнат доцнења и евентуални оштетувања на возилата поради поплави.
ДХМЗ издаде жолто предупредување за грмотевици за крајбрежната област и регионот Осиек за вторник, додека истото предупредување за среда важи само за крајбрежјето.
Регион
Шмит: Додик ја загрозува безбедноста на БиХ

Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, денес пред Советот за безбедност на ОН изјави дека постапките на властите на Република Српска опасно го загрозуваат уставниот поредок на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор.
На сесијата одржана во Њујорк, високиот претставник го презентираше својот редовен шестмесечен извештај за ситуацијата во Босна и Херцеговина и истакна дека Дејтонскиот договор бил нападнат, што довело до невидена криза.
„Да бидеме јасни. Тековната криза е резултат на сериозни напади од страна на одредени политичари врз Дејтонскиот договор и правниот поредок во БиХ“, рече Шмит на седницата на Советот за безбедност.
Тој посочи дека овие напади уследија по пресудата на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој беше осуден на една година затвор, кога властите на РС се обидоа со своите закони да го спречат работењето на државните судски органи и безбедносните агенции во тој ентитет.
„Тој (Додик) дури и ја посочи можноста за отцепување“, рече Шмит, предупредувајќи дека е во тек „кулминација на долго планираните политики“.
„Станува збор за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата“, оцени високиот претставник, додавајќи дека е охрабрувачки што најголемиот број Срби вработени во властите на БиХ не ја следеле реториката на Додик.
Тој оцени дека во такви околности е важно меѓународната заедница јасно да ја поддржи територијалната целовитост и суверенитет на БиХ врз основа на Дејтонскиот договор.
Американскиот амбасадор Џон Кели потврди дека САД и администрацијата на Доналд Трамп остануваат посветени на стабилноста на Босна и Херцеговина и на Дејтонскиот договор. „САД цврсто се спротивставуваат на сецесијата и дестабилизирачката реторика“, рече Кели, изразувајќи јасна поддршка за високиот претставник.
Претставничката на Велика Британија и воедно специјална пратеничка на земјата за Западен Балкан, Карен Пирс, изјави дека прашањето за БиХ е клучно за стабилноста на Европа, а Додик ГО оцени како личност која претставува закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Таа силно го поддржа Високиот претставник и потребата тој да ги користи своите овластувања во сегашните околности.
Рускиот амбасадор Василиј Небензја се спротивстави на тоа што на Шмит му беше дозволено да се појави како висок претставник уште на почетокот на седницата, но неговиот приговор беше одбиен. Потоа Небензија ја напушти салата во знак на протест, а кога се врати, за време на дискусијата го обвини Шмит за дестабилизација на БиХ по наредба на Западот и ја бранеше политиката на Милорад Додик и неговите соработници.
„Би било добро да се ослободат жителите на БиХ од надворешни влијанија што ја трујат атмосферата“, рече рускиот амбасадор.