Регион
Собир во Истанбул за претворање на ‘Аја Софија’ во џамија
Стоици луѓе учествуваа на митинг во неделата во Истанбул на кој бараа една од најголемите знаменитостите на турската метропола да биде претворена во џамија.
Демонстрантите се собраа во близина на древниот храм „Аја Софија“, во историската област Султанахмет во Истанбул, пренесува агенцијата Anadulu. Тие носеле плакати со натпис „Храмот Света Софија треба да биде повторно отворен како џамија“, како и со исламистички пароли, како „Нашите животи нека бидат жртвувани за исламот“, и со слики на поранешниот исламистички претседател на Египет, Мохамед Морси, кој е осуден на смртна казна, што минатата седмица беше остро критикувано и од турскиот претседател Реџеп Тајимп Ердоган.
Митингот минал мирно, а бил во организација на неколку невладини организации во Турција, вклучително и Фондацијата за хуманитарна помош (IHH), којашто има свои активисти и во Македонија.
Некои крајно конзервативни политички партии и општествени исламистички движења во Турција, ја заговараат замислат храмот кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО како дел од Светското културно наследство, да биде претворена во џамија. Сепак, на највисоко ниво, засега овие иницијативи не се поддржани.
Турските медиуми последните години истакнуваа дека со јакнењето на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), којашто има исламско-конзервативни основи а на власт дојде во 2002 година, сé погласни се повиците Света Софија да биде претворена во џамија, што би подразбирало и прекривање на фрагментите од древните фрески.
Турскиот вицепремиер Билент Аринч во ноември 2013 година предизвика жестоки реакции, кога изјави дека се надева оти ќе биде сменет статутот на Аја Софија, велејќи дека изгледа „тажно“, но се надева оти „наскоро повторно ќе се насмее“. Грција остро реагираше тогаш, оценувајќи дека таквите изјави претставуваат „навреда на верските чувства на милионите христијани“.
Главната христијанска светија во турската метропола соборниот храм Света Софија (Црквата на светата Мудрост) своевремено најголемиот храм во христијанскиот свет, е изградена во 537 година, а работите на неа се започнати во 532 година, во периодот од 1204 до 1261 година била претворена во католичка црква во текот на крстоносните војни, а потоа повторно седиште на Цариградската патријаршија, за по османлиското освојување на Мехмед Втори на Цариград во 1453 година да е претворена во џамија па потоа во музеј во 1935 година во времето на основачот на современа секуларна Турција, Мустафа Кемал Ататурк./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.