Регион
Соборен полициски хеликоптер во Албанија

Еден хелопкоптер на албанската полиција попладне во вторниот соборен е во областа Дукаѓин во северна Албанија по истрелите кои биле насочени кон него во моментот кога специјални полициски сили ја надгледувале акцијата за уништување на садниците со марихуана.
Албанското МВР ја потврди веста што ја пренесоа медиумите и притоа се наведува дека врз хелокоптерот биле истралани седум куршуми од автоматско оружје кои го погодиле леталото, но нема загинат ниту еден припадник на полицијата кои биле во хеликоптерот.
Во областа Дугаѓин каде што се одвива акција за уништување на садниците од марихуана – канабис сативас и во првиот ден од акцијата пред три дена беше пукано врз трите ангажирани хеликоптери.
Во оваа област на Албанија полицијата за три дена уништила над 30 илјади садници марихуана. /крај/мн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.