Регион
Собрани 1,8 милијарди евра за Србија и БиХ на донаторска вечер во Брисел
За отстранување на последиците од поплавите што ги погодија Србија и Босна и Херцеговина во мај, на донаторска вечер во Брисел што се одржа во среда вечер беа собрани околу 1,8 милијарди евра. Од нив 995 милиони се за Србија, а 809 милиони евра за БиХ.
На донаторската вечер учествуваа претставници на 23 меѓународни организации и 60 земји.
Како што објави Б92, речиси 900 милиони евра од собраните средства за Србија се заеми, а од ЕУ ќе добие 80 милиони евра бесповратни средства.
„Цифрата од 1,8 милијарди евра помош што денеска е спомената на донаторската конференција е импозантна, но треба да се земе со резерва“, вели министерката за евроинтеграции на Србија, Јадранка Јоксимовиќ, нагласувајќи дека само мал дел од сумата претставуваат свежи пари.
„Мора да ги разделиме директните донации од кредитите и да ги видиме условите под кои ќе ги добиеме тие кредити“, рекла таа.
Како што објави Б92 најголем донатор од државите е Русија со 30.5 милиони евра. Потоа следуваат Швајцарија и САД со донирани 11,8 милиони евра, односно 16,6 милиони евра.
Македонија донираше по 100.000 евра за БиХ, Србија и Хрватска и над 100 илјади евра за одредени организации.
Од меѓународните организации најголем донатор е Европската банка за обнова и развој која и стави на располагање на Србија над 300 милиони евра за обнова на јавниот сектор, а на БиХ 58 милиони, додека на двете земји им е одобрено по уште 100 милиони ера за потребите на малите и средните општини за отстранување на последиците од поплавите.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

