Регион
Шопрад: ЕУ не смее да ја уценува Србија

Србија е европска нација има свое целосно место во Европската унија (ЕУ), но влегувањето во Унијата не смее да биде засновано на уцени, изјавил европратеникот од редовите на францускиот „Национален фронт“, Емерик Шопрад, пренесуваат српските медиуми.
„Треба да се биде праведен кон Србија. Таа има право на своите специфични интереси, да го штити посебниот статус на Косово и Република Српска, да не ги прекинува врските со остантите Срби кои живеат вон нејзината територија. Но треба да влезе во ЕУ и ние тоа го поддржуваме“, изјавил Шопрад за „Вечерње новости“.
Францускиот европратеник, кој неодамна предизвика големо внимание со двете предложени резолуции во Европарламентот, поврзани со Србија, вели намерата со неговата предлог резолуција за Сребреница била „да се нападне пристрасниот и едностран пристап кон прашањето за Сребреница“.
„Историјата треба да се гледа правично. Доколку се говори за злосторствата, треба да се набројат сите злосторства. ЕУ мора да престане да лаже за историјата. Не смее да се игра на картата за обвинување и дијаболизирање на народите“, рекол Шопрад, додавајќи дека Белград во преговорите мора да пружи отпор.
„Во преговорите има одмерување на силите. Треба да се биде силен и да се бранат своите посебности“, рекол францускиот европратеник./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.