Регион
Спасувањето на 34 рудари во Зеница и натаму е во тек
Групата рудари кои во четвртокот остана блокирана во рудникот за јаглен во Зеница по земјотресот минаа цела ноќ во јамата, а спасувачките екипи ниту во утринските часови во петокот не успеаја да се пробијат до нив.
Раководството на рудникот потврди дека во јамата „Распоточје“ останале заробени 34 рудари, а не осум како што се претпоставуваше претходно.
„Екипите работат на отстранување на натрупаната земја и засега никој не може да каже колку време ќе биде потребно за да се пробијат до рударите“, рече директорот на рудникот Есад Чивиќ.
Тој на членовите на семејствата на блокираните рудари кои од четвртокот чекаат пред влезот во јамата им рече дека рударите се здрави и добри. Обезбеден им е доток на свеж воздух и постои постојана телефонска линија со рударите во јамата.
Јамата „Распоточје“ се смета за особено опасна бидејќи во неа се развива гасот метан. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брнабиќ: Следната година носи многу предизвици за Србија и регионот, целта е влез во ЕУ
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, денеска на отворањето на Амбасадорската конференција во Белград рече дека следната година ќе донесе многу предизвици за Србија и регионот.
Според неа, главната надворешнополитичка цел на Србија е да стане дел од европското семејство, односно да продолжи да ги исполнува критериумите за членство во Европската унија.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постави цел да се завршат сите внатрешни реформи до крајот на 2026 година, а во тоа важна улога има парламентот. Ова е предизвикот пред нас, во кој ние мора да ги зачуваме нашите национални интереси, Србија го избра српскиот пат, кој секако е најтежок, но претставува најдобра опција за нашите граѓани“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека Србија, покрај европскиот пат, се стреми да ги зајакне односите со своите традиционални пријатели и да создаде посилни врски со земјите кои ќе бидат клучни за иднината.
„Пред сè, мислам на африканскиот континент. Соработката со сите земји во светот е наш приоритет, бидејќи тоа ќе донесе придобивки за сите наши бизнисмени, земјоделци и целата нација“, рече Брнабиќ.
Регион
(Видео) Снегот го парализира сообраќајот во Хрватска, проблеми и во БиХ каде откажана е настава
Снегот што паѓа во делови од земјите во регионот предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Хрватска, Босна и Херцеговина, a и делови од земјава се под снег.
Патиштата се влажни, а некои патишта се затворени за сообраќај, особено за товарни возила.
Поради бурните ветрови и провејувањето на снегот, густиот сообраќај и метежот на повеќето патишта низ Лика и Горски Котар, Хрватскиот автомобилски клуб ги советува возачите да го одложат патувањето додека не се подобрат условите.
Во поголемиот дел од Хрватска патиштата се влажни или влажни и лизгави, а снегот паѓа на северното хрватско крајбрежје, делови од централна Хрватска, Славонија и далматинската заднина. Повеќето државни патишта низ Лика се затворени за сите групи возила поради снежни наноси и бурен ветер.
Суспендирани се бројни линии на траект, катамаран и брод. Можни се услови за мраз, особено на мостовите и надвозниците во внатрешноста. Возачите се предупредуваат да ја приспособат брзината и стилот на возење на условите на патот и да не излегуваат на патиштата непотребно.
Snijeg je pao i u sjevernijim dijelovima Hercegovine, oko Gacka i Nevesinja. Ako je suditi po onome što nam vozači kažu putne službe su ponovo iznenađene. Snijega ima na kolovozu a bilo je i onih koji ostaju zaglavljeni. @AtvBanjaluka pic.twitter.com/bZbCnQJEfS
— Bojan Nosović (@BojanNosovicATV) December 23, 2024
Поради зимски услови и бурни ветрови, во моментов нема слободна траса за камиони со приколки и трактори со полуприколки во правец на Риека/Истра и Далмација и обратно.
Снегот кој почна да паѓа, предизвика проблеми во Бања Лука, каде сообраќајот се одвива отежнато од раните утрински часови. На Западниот транзит се формираа големи линии возила. Патиштата се слабо исчистени, а има голомразица поради што возењето е бавно. Откажана е и наставата во некои делови.
Snijeg otežao saobraćaj u Banjalucihttps://t.co/fQoGhZ1I1c
— Vijesti365 (@Vijesti_365) December 23, 2024
Покрај снегот, проблем е и мразот. Снег паѓа во поголемиот дел од БиХ, што го забавува сообраќајот и го отежнува движењето на возилата на планинските превои.
Регион
Ранетата учителка од Пречко закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“
Незапаметената трагедија во петокот ја шокираше, разбесне и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји.
19-годишен млад ментално болен упаднал во основното училиште Пречко и почнал да ги боде учениците. Едно 7-годишно дете почина. Станува збор за ученик од прва одделение во кое упаднал напаѓачот. Според родителите, и тој ученик му се спротивставил на убиецот за да ги заштити своите соученици.
Тешко повредена е и неговата учителка која има 62 години и за која ова беше последна генерација пред пензија. И таа била избодена со нож во обид да спречи напад врз учениците. Ранети се уште три деца. Тешко е повреден и напаѓачот, кој по нападот побегнал во блискиот Здравствен дом и таму се обидел да се самоубие. Полицијата го спречила во тоа.
На социјалните мрежи се објавуваат пораки за поддршка за храбрата учителка која застанала пред напаѓачот со нож во рака. Таа се обидела со своето тело да го спречи и да го држи што подолго, а со тоа им дала можност на децата да избегаат. Децата ги искористија тие неколку моменти и побегнаа како и каде знаеја, некои низ прозорец, некои низ врата, објави Индекс.хр.
Како што објавија некои медиуми, наставничката имала над 30 убоди.
Повредената наставничка е извадена од механичка вентилација и добро закрепнува. Како што објавија хрватските медиуми, од болницата соошштиле дека таа е стабилна, а вчера веќе и била пружена психолошка помош.
Трогнат сум од храброста и смиреноста на ранетиот наставник, кого се надевам дека ќе го посетам кога е можно, но и на другите наставници и вработени во училиштето во овој трагичен настан, се вели во пораката на градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, упатена до родителите и вработените на основното училиште каде што се случи трагедијата.