Регион
Србија: Го убиле оти им рекол да не уринираат пред црква
Едно лице е убиено, а едно е рането на портите на Храмот на Свети Пророк Илија во околината на Белград ноќта спроти неделата, од страна на три непознати лица кои уринирале пред црквата.
Во инцидентот со нож на смрт бил прободен Саша Јоксиќ (40), а ранет бил Дражен. Ј (22).
Како што дознава „Блиц“, злостроството се случило на портата од црквата, во која ноќеска се поставувал шатор, како дел од прослава на селската слава, која требаше да се организира денеска. Портата била полна со луѓе кои учествувале во поставувањето на шаторите, а дел од нив биле под дејство на алкохол.
Откако бил шаторот поставен, Саша забележал како три момчиња уринираат во портата од црквата. Откако им рекол тоа да не го прават тука, дошло до расправија и еден од трите момчиња го прободел со нож.
Напаѓачот извадил нож и првин на Саша му нанел три убодни рани, од кои починал на пат кон болница, а потоа го ранил и Дражен, кој бил во друштво на Саша.
Српската полиција интензивно трага по напаѓачите, чиј идентитет засега е непознат./крај/
Извор: Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа
Регион
МОЛ го презема српскиот НИС
Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека е постигнат договор меѓу руската и унгарската страна, што треба да доведе до поволен исход во процесот на трансформација на Нафтената индустрија на Србија (НИС).
„МОЛ и ‘Гаспромнефт’ се согласија за основните одредби од идниот договор за продажба на НИС, кој ќе биде испратен до американската администрација за одлука, а Србија успеа да го зголеми својот удел во сопственост за пет проценти во преговорите“, рече министерката.
Изјавата доаѓа по неколку месеци интензивни разговори и неизвесност за иднината на NIS, дополнително интензивирани од геополитичките притисоци, санкциите против руските енергетски компании и растечкиот интерес на Европската Унија за структурата на сопственост и управување со стратешките енергетски системи во регионот.
Ѓедовиќ Хандановиќ потврди дека МОЛ и „Гаспромнефт“ се согласиле за основните одредби од идниот договор за продажба.
„Тоа беше барање на американската администрација и како такво ќе биде испратено до американската администрација за одлука. Важно е што во овие преговори Србија успеа да ја подобри својата позиција во споредба со 2008 година, кога останавме под 30 проценти сопственост. Беше договорено дека во иднина ќе го зголемиме нашиот удел во српската нафтена индустрија за пет проценти и ќе го достигнеме бројот на акции што ќе ни овозможи поголеми права за донесување одлуки во Собранието на акционери“, рече министерката.
фото/епа
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.

