Регион
Србија ќе ги отвори првите поглавја од преговорите со ЕУ на 19 декември

Продолжувањето на преговорите за членството на Србија во Европската унија (ЕУ) ќе бидат закажани за 19 декември, пренесува Вечерње Новости.
Доколку ова се случи, тогаш во Брисел на меѓувладина конференција ќе бидат отворени поглавјата 32 и 35, кои се однесуваат на финансиската контрола и нормализацијата на односите со Приштина, за што особено инсистира Италија, која сака да ја забрза евроинтеграцијата на Србија, пред да и го препушти претседавањето со ЕУ на Летонија на крајот од годината.
Новости пренесува дека таков став има и официјален Берлин, по оценките дека постои придвижување во примената на Бриселскиот договор, во врска со договорите за интегрираното управување со граничните премини, слободата на движењето и дистрибуцијата на електрична енергија.
Како позитивен чекор, германската влада го оценила и одржувањето на Парадата на гордоста и формирањето на работните групи за откривање на причините околу нападите врз странските амбасади во 2008 година во Белград.
Чекор кон отворањето на двете поглавја во декември би можел да донесе и извештајот на еврокомесарот за проширување во заминување, Штефан Филе, кој во октомври ќе ги презентира извештаите за напредокот на земјите кандидати.
Шефицата на српскиот преговарачки тим, Тања Мишчевиќ за Новости истакнала дека Србија е подготвена за отворањето на поглавјето 32, за кое се подготвени и преговарачки позиции, а дека за отворањето на поглавјето 35, најпрво е неопходно формирање на новата косовска Влада./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.