Регион
Србија незадоволна од Македонија и Црна Гора, се закани со реципрoчна политика

Србија е незадоволна од гласањето на Македонија и Црна Гора на Извршниот комитет на УНЕСКО во однос на членството на Косово, откако двете нејзини соседни земји беа меѓу 27-те кои позитивно се изјаснија за тоа Приштина да добие покана за членство во оваа организација на конференцијата во ноември.
Според шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, Србија кон овие земји на меѓународен план во иднина ќе се однесува со иста мера како што тие постапиле сега.
„Се работи за нивни внатрешни односи, ние вложивме многу во развојот на односите со земјите во регионот. Како што некој се однесува кон нашите интереси, така и ние ќе се однесуваме кон неговите. Не верувам дека ќе гласаме за нивните работи на меѓународен план“, порача српскиот министер.
Извршниот совет на УНЕСКО во средата во Париз ја усвои препораката за приемот на Косово во организација, откако по предлогот на Албанија позитивно се изјаснија 27 земји, додека 14 беа против, а 14 воздржани./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.