Контакт

Регион

Србија: Резултатите од изборите уште некомплетни, повторно гласање за 15 места

Објавено пред

Во Србија четири дена по изборите не се комплетирани изборните резултати, Републичката изборна комисија (РИК) работи во вистинска конфузија и пребројала 98,04 отсто од гласовите, а гласањето ќе биде повторено на 15 избирачки места и може да го промени сегашниот поредок на коалициите и партии кои влегуваат во парламентот, а приговори поднесоа и партиите од власта и од опозицијата.
 

dobivaj vesti na viber

Во Србија четири дена по изборите не се комплетирани изборните резултати, Републичката изборна комисија (РИК) работи во вистинска конфузија и пребројала 98,04 отсто од гласовите, а гласањето ќе биде повторено на 15 избирачки места и може да го промени сегашниот поредок на коалициите и партии кои влегуваат во парламентот, а приговори поднесоа и партиите од власта и од опозицијата.

 

По седницата на РИК, која траеше до доцна во ноќта, познато е дека конечниот исход и резултатите од парламентарни избори нема да бидат познати можеби уште речиси две седмици, колку што ќе бидат потребни за да се заврши гласањето и обработката на податоците со изборните места на коишто повторно ќе се гласа.

Според во моментов достапните податоци и моментални проекции, според бројот на освоените гласови во парламентот, освен победничката коалиција водена од Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ, ќе влеза и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, Демократската партија (ДС) на Бојан Пајтиќ и нејзините коалициони партнери, Движењето Доста беше (ДЈБ) на поранешниот министер на Вучиќ за економија, Саша Радуловиќ.

На самиот раб од изборниот праг, засега над лимитот се листата на СДС-ЛСВ-ЛДП на Борис Тадиќ, Ненад Чанак и Чедомир Јовановиќ со 5,03 отсто, и коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и на Движењето двери, која освоила точно 5 отсто од гласовите.

Меѓутоа, според досегашните анализи на статистичарите, јасно е дека ќе биде повторено гласањето за 18.000 гласови кои може да влијаат врз конечните позиции токму на двете претходно споменати листи кои се наоѓаат на работ од изборниот праг од 5 отсто. Според медиумите, за судбината на листата ДСС-Двери ќе одлучуваат само неколку стотици гласови, а Блиц тврди дека станува збор за само 48 глас.

Доколку една од овие две листи падне под изборниот праг, нејзините 13 пратенички мандати, пропорционално на бројот на освоените гласови, ќе ги поделат партиите кои влегуваат во парламентот. А доколку отпаднат и двете лис, на СДС-ЛСВ-ЛДП и на ДСС-Двери, тогаш коалицијата на СНС на Вучиќ би можела да добие дополнителни 12 до 14 мандати.

Рокот за пријавување неправилности и приговори истече, а дополнителна конфузија внесе и синоќешната информација од РИК за повеќе од 60 приговори, иако тоа комисијата во почетокот тврдеше дека имало само два приговора, и тоа кои ги поднела победничката СНС.

Уште во текот на поизборната ноќ СНС се пожали на неправилности во гласањето и директно своите забелешки му ги поднесе на челниците на РИК, а раководството во понеделникот соопшти дека ќе формира заеднички правен тим за контрола и проверка на сите изборни резултати. Еден ден потоа, во вторникот и опозицијата формираше свој правен тим, а СНС веќе попладнето соопштија дека бараат ново пребројување на гласовите и увид во целокупниот изборен материјал.

Вучиќ потврди дека СДСН ќе го прегледа комплетниот изборен материјал и го повтори тврдењето дека по затворањето на избирачките места „се случуваа помалку чудни работи“ и индиректно ја обвини опозицијата дека со притисоци врз Републичката изборна комисија ноќта веднаш по затворањето на избирачките места.

Откако во средата истече рокот за приговори, РИК во многу конфузна, како што оценуваат медиумите, завршница на седницата, ноќта кон четвртокот го поништи гласањето на вкупно 15 избирачки места, најмногу во Ниш каде и локалното обвинителство побара да се проверат пријавите за неправилности во текот на изборите, а повторно ќе се гласа и на неколку места во Белград, Јагодина и Врање и на неколку помали избирачки места.

Според последните податоци на српската РИК, врз основа на 98,04 отсто од обработениот изборен материјал, листата Александар Вучиќ – Србија победува освоила 131 мандат од 250-те во Скупштината на Србија (парламентот), Ивица Дачиќ – СПС-ЈС освоила 29 мандати, а Воислав Шешељ и СРС имаат 22 мандата. Листата За праведна Србија на ДС освоила 16 мандати, листата Саша Радуловиќ – ДЈБ – 16 мандати, ДСС-Двери – 13 мандати , а коалицијата СДС-ЛДП-ЛСВ исто така 13 мандати.

Во парламентот влегуваат и малцинските партии, како Сојузот на војводинските Унгарци – Иштван Пастор со 4 пратеници, листата Муамер Зукорлиќ – Бошњачка демократска заедница на Санџак – 2 мандата, Сулејман Угљанин – СДА на Санџак – 2 мандата, Ардит Синани – Партија за демократско дејствување – 1 мандат,а еден мандат има и Зелената партија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Дачиќ: Вонредна состојба во осум општини, по временските проблеми, ситуацијата се стабилизира

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес изјави дека вонредната состојба е на сила во осум општини и изјави дека ситуацијата во Србија е релативно нормализирана по временските проблеми, како и дека снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано.

dobivaj vesti na viber

Дачиќ изјави дека вонредната состојба е сè уште на сила во Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупње, Мајданпек, Сјеница, Ивањица и на дел од територијата на општина Лучани, и најави дека во петок повторно ќе се одржи состанок на Републичкиот штаб за вонредни состојби, на кој ќе се дискутира моменталната метеоролошка и хидролошка состојба во земјата.

Кога станува збор за снабдувањето со електрична енергија, Дачиќ изјави дека четири локални заедници се без електрична енергија во Мајданпек, дека 141 потрошувач немаат електрична енергија во Прибој, 325 во Ариље, 22 во Чајетина и 12 потрошувачи во Куршумлија.

„Ситуацијата овде, барем според овие податоци, е стабилизирана“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Дачиќ рече дека Одделот за вонредни ситуации имал 133 интервенции од 4 јануари, во кои биле ангажирани 297 пожарникари-спасувачи со 142 возила, 25 пумпи и три чамци, и дека 42 лица се евакуирани.

„Теренот сè уште се посетува, ангажирани се пожарникари, припадници на полицијата каде што е потребно, како и армијата, Црвениот крст и цивилната заштита, и можам да кажам дека ситуацијата е релативно стабилизирана и нормализирана“, рече министерот.

Тој изјави дека Штабот за вонредни ситуации ќе се состанува еднаш неделно и додаде дека превенцијата е важна, со цел да се процени ситуацијата и да се извлечат поуки.

„Секогаш кога нешто ќе се случи, убаво го пребродуваме сето тоа и заклучуваме дека нешто не е во ред, но потоа имплементацијата на она што сме го научиле мора да почека до следната можност. Ова не треба да се повтори. Мислам дека сите министерства, јавни претпријатија, институции и деловни организации треба да ги разгледаат факторите на ризик во нивниот оддел и што треба да се направи за да се спречи ова да се повтори следната година“, рече Дачиќ.

Тој истакна дека проблемите со електричната енергија се главно предизвикани од паднати дрвја и дека е потребно да се разгледа како да се реши ова системски за да не се повтори вонредната ситуација.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ се појави во изборниот рекламен спот на Орбан заедно со лидерите на европската десница

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ се приклучи на изборната кампања на унгарскиот премиер Виктор Орбан преку учество во промотивен спот.

dobivaj vesti na viber

Во видеото, покрај Вучиќ се појавуваат уште десет политичари, меѓу кои и премиерите на неколку земји и крајно десничарските лидери од Германија и Франција, објавува порталот Нова.рс.

Во видеото за изборите, кои беа распишани денеска за 12 април, Орбан е поддржан од премиерите на Италија, Чешка и Израел – Џорџа Мелони, Андреј Бабиш и Бенјамин Нетанјаху. Меѓу политичарите се и крајно десничарските опозициски лидери: копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел, лидерката на Националниот собир во францускиот парламент Марин Ле Пен, претседателот на шпанската партија Вокс, Сантијаго Абаскал Конде, и претседателот на Партијата на слободата на Австрија, Херберт Кикл.

Вучиќ во видеото вели: „Се надевам дека следните избори ќе значат многу за сите нас, што значи дека ќе бидеме сведоци на уште една победа за Фидес“.

Прикажи повеќе...

Регион

Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки

Објавено пред

Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.

dobivaj vesti na viber

Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.

Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.

Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.

Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.

Фото: pexels

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет6 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија8 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија11 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ12 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија14 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија14 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија15 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија17 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет19 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет19 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија20 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...