Регион
Србија во понеделник ги отвора поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори со ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/srbija20eu202.jpg)
Србија во понеделник на меѓувладината конференција со ЕУ во Брисел треба да ги отвори поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори со Унијата, пренесуваат српските медиуми.
Се работи за најважните и доста тешки поглавја кои се однесуваат на владеењето на правото, и од кои во голема мера ќе зависи целокупниот напред на Србија кон Европската унија. На меѓувладината конференција ќе учествуваат претставници од сите земји членки на ЕУ, а делегацијата на Србија ќе биде предводена од премиерот Александар Вучиќ.
Според најавите од српската влада, Вучиќ во Брисел ќе се сретне и со американскиот државен секретар Џон Кери, еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Обвинителство во БиХ: Мајката и детето најверојатно се убиени со гушење, се чека обдукција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250213022.jpg)
Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на лице место во семеен стан во Калесија, каде во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментално е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени од задушување. Денеска ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејствија кои по наредба на обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.
Регион
Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/a4f595d9-40c9-4dd3-af1d-302770756963.jpg)
Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти „Babe Rich“, пренесуваат хрватските медиуми.
Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.
Дистрибутер во Хрватска е Рич Компани д.о.о. во Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.