Регион
Српското МНР демантираше дека IS во Либија киднапирала српски државјани

Терористичката организација Исламска држава (IS) во Либија не киднапираlа ниеден српски државјанин, иако ова претходно беше тврдено од одредени медиуми, соопшти во вторникот министерството за надворешни работи на Србија, пренесуваат српските медиуми.
Терористичката организација Исламска држава (IS) во Либија не киднапираlа ниеден српски државјанин, иако ова претходно беше тврдено од одредени медиуми, соопшти во вторникот министерството за надворешни работи на Србија, пренесуваат српските медиуми.
„Министерството преку амбасадата на Србија во Триполи ги провери информациите за киднапирањето на српски државјани во Сирт, коишто беа пренесени од медиумите, и утврди дека ниеден државјанин не е киднапиран“, се наведува во соопштението на српското МНР.
Српските државјани, пишува во соопштението, ја известиле амбасадата во Либија дека ги извршуваат редовните активности на своите работни мста.
Претходно во вторникот американската телевизиска мрежа CNN соопшти дека припадниците на војската на Исламска држава во болницата „Ибн Сина“ во Сирт киднапирале околу 20 медицински работници и дека меѓу нив наводно имало и српски државјани.
Медицинскиот техничар Марко Стојановиќ, вработен во таа болница, соопштил дека никој не бил киднапиран од оваа болница, иако било точно тоа дека во понеделникот таму дошле припадници на IS, пренесува Блиц./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.