Регион
Стефановиќ: Со откривање на шпионската афера Србија порача дека тоа веќе нема да го толерира
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави во четвртокот дека Србија со откривањето на полицискиот функционер кој давал информации за странска разузнавачка служба испратила „јасен сигнал“ дека таквите работи нема да бидат толерирани и ќе ги заштити својот углед и интерес.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ потврди дека е завршена првата фаза на истрагата против висок функционер на Управата на криминалистичката полиција (УКП) на тамошното министерство за внатрешни работи, кој „предавал податоци на разузнавачка служба на една западна држава“, како и дека тој е под надзор и оти се очекуваат натамошните чекори на обвинителството.
„Испратена им е јасна и директна порака и сите кои треба да знаат што се случило, го знаат тоа. Тука нема дилеми. Напата држава го заштити својот образ и углед и испрати јасен сигнал дека таквото однесување во нашата земја не може да се толерира, ниту ќе толерира“, изјави Стефановиќ за ТВ Пинк.
Стефановиќ, кој истовремено е и потпретседател на владата на Србија, ги отфрли тврдењата и нагаѓањата во јавноста дека доаѓањето на секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев во Белград има врска со шпионската мрежа, појаснувајќи дека таа посета е „договорена пред неколку месеци“.
Исто така, Стефановиќ изјави дека „граѓаните на Србија треба да знаат дека безбедносните служби работат 24 часа дневно, за тие да не почувствуваат никаков товар од мигрантската криза, тероризмот, организираниот криминал“. „Ќе се бориме така и да остане, луѓето да бидат сигурни, а товарот ќе го преземеме ние“, рече српскиот министер за внатрешни работи.
Белградските медиуми во четвртокот пишуваат, пак, дека Србија протерала неколку руски државјани поради учество во подготовките во наводните терористички акции во Црна Гора, а во директна поврзаност со таа шпионска афера го доведуваат и доаѓањето во Белград високиот функционер на руските безбедносни структури Николај Патрушев кој во четврток ќе се сретне со премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Ден претходно во Белград Патрушев се сретна со министрите за полиција и одбрана на Србија, како и со челниците на разузнавачките служби и предложи потпишување на меморандум „за заемно разбирање на Советот за безбедност на Руската Федерација и министерството за внатрешни работи на Србија, за да се воспостави редовна комуникација меѓу безбедносните служби на двете држави“. Патрушев денеска ќе има и одвоени разговори и со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ./крај/мф/сн
Извор: Танјуг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија, каде што е на респиратор поради тешка билатерална пневмонија. Неговата состојба е дополнително комплицирана од хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес и срцеви проблеми, кои се опасни по живот, пишува Блиц.рс.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека состојбата на министерот Дачиќ е малку подобра, но предупреди дека е неблагодарно да се даваат прогнози.
„Параметрите се малку подобри, но е неблагодарно да се даваат прогнози. При движење, неговата сатурација на кислород во крвта се намали, но сите важни параметри сега се малку подобри. Можеме само да се надеваме и да веруваме дека ќе биде добро“, рече Вучиќ. Тој додаде дека Дачиќ „има и некои други болести, што ги комплицира работите“.
Помошникот директор на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера попладне ја потврди сериозноста на ситуацијата.
„Состојбата на Дачиќ останува тешка и сериозна. Медицинскиот тим што се грижи за него вложува огромни напори и ние се бориме првенствено за подобрување“, рече Попевиќ, додавајќи: „Прерано е да се зборува за било што. Третманот продолжува според сите постулати на модерната медицина за интензивна нега“.
Министерот Ивица Дачиќ претходно јавно во неколку наврати зборуваше за сериозните здравствени проблеми со кои се бори со години.
Во март минатата година, тој призна под каков притисок работи и отворено зборуваше за тоа колку е исцрпен и како нивото на шеќер во крвта драстично му се зголемило поради сè. „Знаете, вчера мојот шеќер беше 20. Сето ова може да трае, но не долго. Денес е околу 15, и покрај сите лекови што ги земам. Што можам да правам, не можам да се жалам“, рече Дачиќ тогаш.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Вучевиќ: Верувам во силата на Дачиќ да се избори, и во нашите лекари
Лидерот на СНС и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека е неблагодарно да се зборува за идната здравствена состојба на претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и дека тој верува во неговата сила да се избори.
„Неблагодарно е да се зборува. Не можам да кажам ништо друго освен она што го кажаа лекарите, семејството, а ми се чини од разговорот со колегите од СПС, дека е за нијанса подобро од синоќа, но сепак е предизвикувачко“, рече Вучевиќ во гостувањето во емисијата „Фокус“ на Б92.
Тој додаде дека верува во силата на Дачиќ да се бори, во нивните лекари и дека се моли на Бога да му даде на Дачиќ доволно сила да се извлече од сето ова.
Вучевиќ истакна дека настинките не треба да се потценуваат и дека секој треба да слуша што велат луѓето кои се експерти за тоа.
„Ивица Дачиќ има уште едно прашање, тоа е прашањето за дијабетесот, стресот, политиката, сè што ни се случува. Невозможно е да нема последици. Имавме многу предизвици. Минатата година имавме предизвици со Дарко Глишиќ. Овој повик беше направен со голем притисок“, рече Вучевиќ.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија вчера попладне со пневмонија.

