Регион
Судење во Тирана: Албанија ќе ја ослободи само ИД

Во судскиот процес против деветмина приврзаници на Исламска држава(ИД) во Албанија кои се обвинети за регрутирање и пропаганда на носење на млади Албанци во Сирија, во вторникот за време на судењето во Тирана дел од обвинетите на арапски извикаа „Албанија ќе ја ослободи само ИД“.
Информацијата ја пренесоа албанските медиуми кои наведуваат дека двајцата од обвинетите кои се оценува дека се носители на активностите Фадил Муслимани и самонаречениот имам Генци Бала извикале „Албанија ќе ја ослободи ИСИС, бидејќи младите сега сфатиле дека во Албанија Муслиманската верска заедница го држи во заложништво Исламот“.
Инаку обвинетите одбиваат да одговараат на прашања бидејќи, како што наведуваат, никој нив не може да ги казни освен, како што велат, Алах.
Судскиот процес продолжува. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) „Светот го нема видено ова“ – најмасовен протест во историјата на Србија

Во Белград се одржува голем протест организиран од студентите.
Пред српското Собрание во моментов има огромен број луѓе, а други пристигнуваат од сите страни.
Студентите најавија дека главната бина ќе биде на плоштадот Славија, кој е на 15 минути пешачење од Собранието на Србија.
На таа сцена ќе се одржат главната програма и говорите.
Говорите ќе бидат емитувани и на аудио бина пред Народното собрание.
На социјалните мрежи се објавени голем број видеа и фотографии од протестот.
Ovo nikad nije bilo! pic.twitter.com/cgzJUg1CR1
— Tijana Kojović (@tkojovic) March 15, 2025
Ne Beograd, ovo svet video nije.. 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 pic.twitter.com/zdbEGUaYL0
— Ivana (@Ivana66157567) March 15, 2025
Beograd je danas najlepši grad na svetu 💚 pic.twitter.com/ya1GJ7gKSk
— Zeleno-levi front (@nedavimobgd) March 15, 2025
"Gde god da odem taj grad me prati, Beograd moj sebi me vrati" ♥️🇷🇸 pic.twitter.com/KFIdXCwfpN
— Igor Vujanović (@Infoverzum) March 15, 2025
Регион
(Видео) Бескрајни колони од луѓе доаѓаат од сите страни кон Собранието на Србија

Илјадници граѓани кои денеска се собраа на четири локации во Белград, пристигнуваат во центарот на градот, каде за 16 часот имаат закажано протест пред Народното Собрание. Сообраќајот е во прекин околу Народното собрание на Србија и Славија, како и на другите улици во центарот на градот, околу Автокоманда.
Sajam, Mostar, Savska… Sve puno! Ne vidi se ni početak ni kraj! pic.twitter.com/DQSy2N7GNA
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) March 15, 2025
Зградите на српскиот парламент и на белградското собрание се опколени со метална ограда, а околу нив се распоредени силни полициски сили. Пред Собранието има моторџии, а од другата страна на плоштадот Никола Пашиќ има трактори кои го опкружуваат кампот на ученици кои сакаат да посетуваат настава и кои се во шатори во Паркот на Пионерите.
Регион
Протестот во Белград сепак ќе биде пред Собранието

Студентите во блокада одлучија денешниот протест сепак да се одржи пред Собранието, но бина ќе биде поставена и кај Славија.
Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада претходно најавија дека локацијата на протестот се менува и дека ќе се премести од пред зградата на Народното собрание на плоштадот Славија.
„Оваа одлука е донесена за да се спречи можно насилство и да се обезбеди безбедност на сите учесници во нашиот протест, како и на студентите кои кампуваат во Паркот на Пионерите. Ги покануваме сите да ни се придружат во Славија за заедно да испратиме силна порака на величенствен начин дека нема да се откажеме додека не се исполнат нашите барања“, објавија студентите на Инстаграм.
Објавата на Инстаграм набрзо беше избришана.