Регион
Судењето на двајцата турски новинари зад затворени врати
Кривичниот суд во Истанбул на кој во петокот започна судењето на двајцата познати новинари кои се опозициски настроени кон исламско конзервативната власт, одлучи расправите да се одржат зад затворени врати поради „националната безбедност“.
Чан Дундар , главниот уредник на влијателниот дневен весник Cumhuriyet, и Ердем Ѓул, директор на редакцијата во Анкара, обвинети се шпионажа, издавање државни тајна и обид за државен удар поради написот во кој ја обвинуваат владата и тајните служби на Турција за транспортирање на оружје на сириските џихадистичките бунтовници.
Двајцата новинари, на кои им се заканува доживотен затвор, дојдоа пред зградата на судот, каде со аплаузи ги поздравиле околу двесте поддржувачи, колеги и опозициски пратеници и обични граѓани кои ги испратија до влезот во зградата со повиците „Нема да ја замолчите со слободата на говорот“.
Дундар и Ѓул, кои се во притвор повеќе од 90 дена, во мај 2014 година во напис илустриран со фотографии а на интернет изданието и со видеоснимка, објавија дека со камионите на турската разизнавачка служба MIT на радикалните исламистички бинтовници во Сирија им било испорачано оружје во јануири 2014 година, кога полицијата случајно ги запрела за пребарување на товарот.
Инкриминираниот напис предизвика гнев кај претседателот Ердоган и владата, кои негираа дека им даваат каква и да е поддршка на радикалните сунитски исламистички групи кои во соседна Сирија се борат за соборува од власт на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад. Ердоган тврди дека камионите содржеле помош за Туркмените, туркофона етничка заедница која живее во Сирија, и дека новинарите биле соучесници во „саботирањето“ на таа помош, со цел да му наштетат на неговиот и на угледот на неговата партија.
Сепак притворањето на новинарите предизвика меѓународни осуди и загриженост за слободата на медиумите во Турција.
И покрај ослободувањето од затворот, на двајцата новинари и натаму им се заканува доживотната затворска казна, најтешката предвидена со турскиот кривичен законик, кој а побара судот и одреди датум за почеток на судењето на 25-ти март, и им е забрането да ја напуштаат земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ја уби својата партнерка, па нејзиното тело го скри во замрзнувач: српската полиција го фати 43-годишниот убиец
Полицијата во Лесковац го уапси Д. Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на својата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа по што избегал. Одреден му е притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски „Телеграф“.
Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигориевиќ скриено во замрзнувач. Нејзиниот вонбрачен партнер Далибор Демировиќ веднаш беше осомничен за убиството.
Во времето на бегство Демировиќ наводно бил во домашен притвор со електронски мониторинг за друго кривично дело.
Тој бил ставен во домашен притвор за напад врз службено лице, полицаец, врз кого наводно фрлил ограда од тераса. Сепак, локалните жители се сомневаат во оваа верзија.
фото: принтскрин
Регион
Прогласена четиридневна жалост по трагедијата во Тузла
Тузла е обвиена во тага по вчерашниот пожар во дом за стари лица, во кој животот го загубија 11 мина. Поради оваа голема трагедија, една од најголемите во поновата историја на градот, градоначалникот Зијад Лугавиќ прогласи четиридневна жалост, што почнува денес, пишува „Кликс.ба“.
Голем број луѓе добиле со полесни и тешки повреди во пожарот. Според последните информации, 15 пациенти сè уште се во болница. Состојбата на четворица од повредените е исклучително сериозна и тие се поврзани на респиратори.
Со одлука на градоначалникот, денови на жалост во Тузла ќе бидат денес, утре, сабота и недела. Во овој период јавноста треба да се придржува до пропишаните правила. Четврток е прогласен за ден на жалост на ниво на Федерацијата на Босна и Херцеговина и округот Брчко.
фото: принтскрин
Регион
Бугарија се подготвува за продажба на рафинеријата на „Лукоил“
Партијата ГЕРБ во Бугарија планира да предложи закон што ќе му овозможи на специјален администратор да ја спроведе продажбата на рафинеријата на „Лукоил“ во Бургас, најголемиот објект за преработка на нафта во земјата.
Иницијативата доаѓа во време кога САД и Велика Британија воведоа нови санкции против руските нафтени компании, вклучувајќи го и „Лукоил“, поради војната во Украина.
Законот, како што објави денес локалниот бугарски медиум „Медијапул“, ќе му овозможи на специјалниот администратор да го преземе надзорот врз рафинеријата во Бургас и да донесува одлуки за продажбата, без право на рускиот сопственик да ја блокира одлуката, да ја оспори или да влијае на процесот, што би овозможило промена на сопственичката структура на рафинеријата и зачувување на нејзиното работење според новите услови на меѓународни санкции, пренесе „Б92“.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов изјави дека постои логика во ова решение и најави дека нацрт-законот ќе биде доставен до парламентот.
Целта е да се обезбеди непречено функционирање на клучната енергетска инфраструктура во земјата почитувајќи го режимот на санкции од Западот, објавува „Ројтерс“.
Рафинеријата во Бургас, со капацитет од речиси 190.000 барели дневно, е од стратешко значење за снабдувањето на Бугарија и делови од регионот.
Владата на Софија објави дека е во постојан контакт со американските институции за да може работењето на рафинеријата да продолжи и покрај санкциите.
„Лукоил“ веќе се соочува со тешкотии во меѓународните операции поради ограничувања што влијаат на логистиката, трговијата и финансиските текови.
Компанијата, според изворите, имала проблеми со товарење во Ирак, пумпни станици во Финска и со тргување во Швајцарија.
Министерството за финансии на САД издаде привремена дозвола, што им овозможува на компаниите да ги прекинат постојните трансакции со „Лукоил“ до 21 ноември.

