Контакт

Регион

Судењето против активистите на „Златна зора" почнува во ноември

Објавено пред

Судскиот процес против 60 лица, вклучувајќи и 16 пратеници од неонацистичката грчка партија „Златна зора”, ќе започне во ноември, а сите тие се обвинети за членство во организирана криминална група, пренесуваат грчките медиуми.

 

Обвинението ќе биде покренато од познатиот грчки обвинител Исидорос Догиакос, а според весникот Kathimerini истражните органи завршиле со распитот на сите осомничени кон почетокот на овој месец.

 

Пред две недели беше притворен и портпаролот на „Златна зора“, Илиас Касидиарис, а според обвинението, тој лично го обучувал членовите на партијата како да ракуваат со огнено оружје.

 

Документацијата по обвинението е неколку илјади страници, а процесот ќе се води во специјална судница, под посебни мерки за безбедност, недалеку од Апелацискиот суд во Атина./крај/мф/бс

Регион

Грчки медиуми: Поголем дел од туристите од Србија позитивни на ковид-19

Објавено пред

Грчките медиуми пренесуваат дека поголем дел од туристите од Србија се позитивни на ковид-19, а тоа е и половина од новите случаи денеска во Грција.

Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус и ниту еден смртен случај. Од новозаболените 36 се туристи од граничните премини.

Како што соопшти Националната организација за јавно здравје, од 43 новозаразени, 36 се откриени на граничниот премин Промахонас, од кои 20 се од Србија и 16 од други земји.

Грција ги затвори границите за влез на српски туристи, а така ќе остане до 15 јули кога одлуката повторно ќе биде разгледана.

По оваа одлука на граничниот премин од раните утрински часови чекаа стотина српски државјани, кои со часови беа заробени на границата меѓу Грција и Бугарија.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска на границата постави сензори за откривање на отчукувањата на срцето на скриените мигранти

Објавено пред

Дополнителни 12 гранични премини се опремени со детектори кои со сензори ги следат отчукувањата на срцето со цел да откријат мигранти скриени во камиони, тврдат од хрватското Министерство за внатрешни работи.

Тоа се уреди што преку сеизмички сензори ги регистрираат минималните вибрации на луѓето во затворен простор, а резултатите се прикажани на лаптоп.

Веќе во првата недела на употреба уредите дале резултати и откриени се повеќе нелегални мигранти, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Уредот е целосно приспособен на корисникот и е лесен за употреба, велат од Министерството.

 

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Две лица загинаа, а едно е повредено во пожар во фабрика во Нови Сад

Објавено пред

Две лица загинаа, а едно е повредено во големиот пожар што избувна денес околу 9 часот во фабриката „Котекс вискофан“ во Нови Сад, потврдија од Институтот за итна медицинска помош.

„Нашите два тима интервенираа околу 9 часот на улицата Приморска, каде што избувна пожар во фабриката ’Котекс вискофан’, а лекарите пронајдоа две лица без знаци на живот. За жал, за нив можеа да констатираат само смрт. Станува збор за мажи на возраст од 62 и 48 години, а еден маж на возраст од 40 години бил итно пренесен во Сремска Каменица во Институтот за белодробни заболувања поради прекумерна изложеност на чад“, велат од брзата помош, чии екипи сè уште се на терен и ја следат ситуацијата, пренесува „Блиц“.

Пожарот, кој е ставен под контрола, сè уште го гаснат 20 пожарникари со осум противпожарни возила, а на терен биле испратени и две цистерни со вода од ЈКП „Градска чистота“.

Полицијата го обезбедува фабричкиот круг и повеќето работници се безбедни.

„Котекс вискофан“ се занимава со производство на колагенски обвивки за месната индустрија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 час

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија2 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија2 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет3 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија3 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет5 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион6 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија6 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет7 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет7 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија18 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија18 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет19 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион21 час

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија23 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија1 ден

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија1 ден

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Досие