Регион
Судири меѓу грчката полиција и демонстрантите

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели во центарот на Атина, јавија светските медиуми.
Илјадници луѓе во четврток излегоа на улиците да протестираат против мерките за штедење кои ЕУ и ММФ ги бараат од земјата. Претходно, владејачката партија Сириза ги повика сите Грци да учествуваат во генералниот 24-часовен штрајк против политиката на штедење што самата ја спроведува.Јавните служби во Грција престанаа со работа откако вработените стапија во генерален штрајк.Поради штрајкот не функционира јавниот сообраќај, метрото во Атина е затворено, а автобуските и тролејбуските линии се скратени, додека траектите се усидрени во пристаништата.Затворени се сите музеи, училишта и аптеки, а државните болници работат само за итни случаи.Откажани се повеќе десетици домашни летови, а медиумите објавуваат само важни вести.Синдикатите повикаа на 24-часовен штрајк во знак на протест за зголемување на пензиите и претстојните реформи на пензискиот систем.Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека, согласно договорот со кредиторите вреден 86 милијарди евра, ќе го реформира пензискиот систем и ќе ги реши проблематичните кредити, за да ги исполни барањата на доверителите и да добие пристап до фондовите за помош на банките./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.