Регион
Тахири: Албанските судови ослободуваат криминалци

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири ги обвини судовите за ослободување на голем број на притворени лица од страна на полицијата за кои има факти дека имаат направено криминогени дејствија.
Тахири за време на објаснувањето на процесот на реформи кој ќе следи во сферата на правниот систем во Албанија, истакна дека во судството работат и судии кои го немаат местото во овие институции. Албанските медиуми пишуваат дека голем број од судиите и јавните обвинители се корумпирани и еден дел од нив имаат стекнато голем капитал само врз основа на незаконско работење. Истите извори наведуваат дека владата на Еди Рама најавува чистки во редот на судиите и јавните обвинители преку зголемени контроли и инспекции за нивната работа. ЕУ и САД подолг период укажуваат дека официјална Тирана треба веднаш да преземе мерки за стопирање на корупцијата во судството и целиот правен систем. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.