Регион
Тахири: Ќе се блокира имотот на наркобосовите во Албанија

Албанскиот министер за внатрешни работи Самир Тахири изјави дека ќе ги блокира сите имоти кои се стекнати од страна на босовите на дрогата преку производство и шверц на дрога.
Се онаа што е стакнато врз основа на криминално дејствување ќе биде блокирано од страна на државата
Тахири оваа изјава ја даде во понеделникот во моментот кога ја коментираше последната акција на полицијата во областа Дугаѓин во северниот дел од земјата околу уништувањето на илјадинци садници на дрога од типот марихуана –канабис сативас.
Во акцијата беше и пукано врз полицијата а таа понуди 100 илјади евра за информација кој пукаше врз припадниците на јавниот ред.
Тахири истакна дека нема да има компромис со оние кои огледуваат и оние кои ја шверцуваат дрогата.
Албанското МВР во континуитет повеке од три месеци уништува илјадици садници дрога во земјата. /крај/мн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.