Регион
Трагедија во српската војска, специјалец случајно си го уби колегата

За време на рутинска проверка на вооружувањето, припадник на Воената полиција за специјална намена „Кобра“ случајно го убил со службениот пиштол својот колега, постар водник од I класа Милан Досковиќ.
Инцидентот се случил во неделата вечерта околу 18.30 часот во касарната „Васа Чарапиќ“ во Белград, објави Војската на Србија на својата официјална страница. По завршувањето на задачата, за време на рутинската проверка на вооружувањето, дошло до испукување на пиштолот на припадникот на единицата „Кобра“ при што ранет е неговиот колега.По укажаната помош, постариот водник од I класа, за жал, им подлегнал на повредите на Военомедицинската академија во Белград.Началникот на Генералштабот на Војската на Србија формираше комисија за испитување на околностите при вонредни случувања. Министерството за внатрешни работи изврши увид по налог на Јавното обвинителство во Белград во присуство на полицијата.Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ, изразија сочувство на семејството на загинатиот, пренесуваат белградските електронски медиуми. Постариот водник I класа Милан Досковиќ е роден на 6 април 1981 година во Ужице, а на должност во Војската на Србија е од 28 јули 2001 година./крај/мф/
Извор: Blic
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.