Регион
Тројца Турци осомничени за тероризам во Грција
Тројца турски државјани коишто се осомничени дека припаѓаат на терористичка организација се уапсени во грчката престолнина Атина, известија во саботата тамошните власти.
Тројца турски државјани коишто се осомничени дека припаѓаат на терористичка организација се уапсени во грчката престолнина Атина, известија во саботата тамошните власти.
Две жени и маж биле уапсени во петокот во полициска рација во три различни населби на Атина. Грчките медиуми пишуваат дека уапсените биле припадници на Револуционерен фронт за ослободување на народот (DHKP-C), турска марскистичка организација којашто во Турција, земјите од Европската унија и во САД е сметана за терористичка група.
Најмладата уапсена е 24-годишна девојка, којашто била барана од грчката полиција во рамките на истрагата за потекло на муниција пронајдено во јуни ланската 2013 година во умен чамец во близината на грчкиот остров Иос. По неа Интерпол имал издадено потерница, се наведува во соопштението.
Уапсени се и 48-годишна жена и 40-годишен маж, исто така, осомничени дека ѝ припаѓаат на споменатата терористичка група. Во февруари 2013 година DHKP-C ја презема одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад на портирницата од американската амбасада во турската престолнина Анкара, при што загина припадникот на турското обезбедување а две лица беа ранети.
Во февруари годинава во Грција во акција на специјалните единици беа уапсени други четворица припадници на истата турска полиција, потсети полицијата./крај/мф/сн
Извор: Greek Reporter
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

