Регион
Тројца загинати во судар меѓу брод и глисер во Егејско море

Три лица загинаа, а уште три се повредени во судар на мал туристички брод и глисер во понеделник во близина на грчкиот остров Егина, југозападно од Атина, наведе пристанишната полиција.
Полицијата не го прецизираше државјанството на жртвите.На местото на несреќата се упатени хеликоптер и два брода, а околностите кои довеле до сударот не се познати.Во обете пловила имало вкупно дваесеттина лица. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Почина Вукашин по четири месеци и 20 дена борба за животот, тој е 16-та жртва од уривањето на натстрешникот во Нови Сад

Матурантот, кој беше тешко повреден при уривањето на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за животот станувајќи 16-та жртва на оваа трагедија, која со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.
Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, 18-годишно лице, кое на 27 јануари беше префрлено на ВМА од Универзитетскиот клинички центар во Војводина, каде што неговата состојба беше критична, но стабилна.
Од младиот човек денеска се простија студенти и професори на економското училиште „Светозар Милетиќ“, како и многубројни граѓани на Нови Сад.
На училишната зграда беше истакнато црно знаме, а социјалните мрежи беа преполни со пораки на сочувство.
Во знак на сеќавање, денеска на повеќе локации во градот се одржа 16 минути молчење – по една минута за секоја изгубена жртва во трагичната несреќа.
Регион
Два земјотреса утрово во Србија

Два земјотреса со јачина од 2,7 и 2,9 степена според Рихтеровата скала утрово ја погодија Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотрес со јачина од 2,7 степена според Рихтеровата скала ја погоди населбата Гоч во општина Врњачка Бања во 7.18 часот, на длабочина од шест километри.
Вториот земјотрес, во 7.20 часот, со јачина од 2,9 степена, ја погоди истата локација на длабочина од 10 километри.
Регион
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија.
„Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите на друго место, но во овој текст ги нема“, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека ова е кршење на т.н субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и дека е речиси сигурно дека НАТО не бил информиран за тоа. Пленковиќ додаде дека овој меморандум ги помага напорите на Косово и Албанија во нивните реформи и размена на искуства.
Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за зајакнување на одбранбената соработка, по што Србија најави дека ќе побара итно објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.
„Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација за нас, но ја разбравме нивната порака. Ќе ја спасиме нашата земја, ќе ги одвраќаме и секогаш успешно ќе ја браниме од секој потенцијален агресор, дури и од ваков моќен“, им рече Вучиќ на српските новинари по разговорите во НАТО со генералниот секретар Марко Руте.