Регион
Турција: ЕУ извори тврдат дека ударот го водат значителни воени сили, а не неколку полковници ВИДЕО
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и владата уште се на власт и нема да толерираат обиди за уривање на демократијата, порачаа од претседателскиот кабинет ноќта кон саботата, додека извори од Европската унија велат дека државниот удар го водат значителни воени сили, а не „неколку полковници“ јавуваат агенциите, по информациите дека дел од армијата се обидува да ја собори владата.
Ердоган го повикува народот да излезе на улиците, ветувајќи дека ќе ги спроведе неопходните мерки. На новинарот на CNNTürk преку мобилен телефон во пренос во живо Ердоган му изјави дека Турците мора да се соберат на јавните плоштади и да го покажат својот одговор на обидот за воено преземање на власта.
Ердоган рече дека верува оти обидот за пуч ќе биде сопрен „во кус рок“ и дека одговорните за военото преземање на власта ќе платат висока цена на судовите.
Рече дека овој чин го охрабрувале „паралелните структури“, што е термин кој неговата влада го користеше за следбениците на Фетулах Ѓулен, поранешен близок соработник на Ердоган муслимански проповедник во егзил во САД, а кој и порано беше обвинуван за поттикнување бунт на своите следбеници во правосудството, полицијата и војската.
„Ова изгледа како релативно добро подготвен удар на значителен корпус во војската, а не само на неколку полковници. Држат под контрола аеродроми и очекуваат брза контрола над телевизиските станици“, рекол овој извор набрзо откако државната телевизија TRT по враќањето на редовната програма ја емитуваше декларацијата на војската за опсадна состојба во земјата и воведување полициски час. „Тие контролираат неколку стратешки точки во Истанбул. Имајќи го предвид обемот на операцијата, тешко е да се замисли дека ќе се запре напредувањето“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.
Уште еден европски дипломат рекол дека присуствувал на вечера со турски амбасадор во една европска престолнина, кога ги прекинала пораката од неговиот мобилен телефон.
„Тоа очигледно не е некој мал удар. Овој турски амбасадор беше целосно шокиран и тоа го сфати многу сериозно“, рекол дипломатот за Reuters откако вечерата била прекината.
Турската државна агенција Anadolu јави дека началникот на генералштабот, генералот Халуси Акар е меѓу заложниците на одметнати делово од војската во главниот град Анкара. CNNTürk извести дека во генералштабот има заложници.
Во меѓувреме, Франција ги повика своите државјани во Турција да останат во своите домови поради обид за воени удар. „Испратена е порака во која стои дека сериозо настани се одвиваат во Анкара и во Истанбул. Од француските државјани побаравме да останат во своите домови“, рекол дипломатски извор за AFP.
Турција, е членка на НАТО со втората најбројна армија во алијансата, и е еден од најважните американски сојузници на Блискиот исток/.
Откако од 2003 година Ердоган стана премиер, а во 2014-та и претседател на земјата, се појави иницијативата со уставни промени церемонијалната претседателска функција да ја промени во извршна. Неговата конзервативно исламска Партија на правдата и развојот (AKP), долго имаше затегнати односи со армијата и националистите во државата кои се втемелувачи на секулрните принципи во земјата.
Во тие пресметки на турскит власти со воениот врв 230 турски воени офицери во септември 2012 година беа осудени на високи затворски казни за обид за воен удар. На воените офицери им беше судено по обвинувањата за дестабилизација на конзервативната исламска влада на тогашниот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој на власт дојде во 2003 година. Тие беа товарени дека планирале бомбашки напади врз џамии и провоцирање судир со Грција за да испровоцираат ситуација за воен удар и преземање на власта.
Но пресудата на Врховниот суд на Турција од јуни 20114-та дека биле прекршени нивите права ги доведе во прашање сведочењата и доказите против 230 високи и пониски офицери осудени во аферата „Балиоз“ (токмак). Во декември 2012 година, судот во градот Силиври, недалеку од Истанбул, досуди казни од 13 до 20 години затвор за 326 припадници сегашни и поранешни припадници на турската армија се прогласени за виновни за планирање уривање на власта.
Одбраната притоа тврдеше дека планот „Балиоз“ бил само теоретска воена вежба, а дека судењето претставувал удар врз армијата за да го намали големото влијание на оваа институција во турското општество, којашто од 1960 година урна четири влади.
Во 2014 година судот во турската престолнина Анкара ги осуди во средата поранешниот генерал, 96-годишниот Кенан Евренм лидер на воената хунта и поранешен турски претседател, како и поранешниот командант на воздухопловните сили, 89-годишниот Тајсин Сахинкај. Еврен и Сахинкај обвинението ги товареше за злосторства во „обидот за измена на целиот или делови од уставот на Република Турција или за негово целосно укинување, како и за обид за распуштање на парламентот формиран со уставот или присилно спречување на парламентот во исполнување на должностите”. Во колективната тужба којашто ја предводеше владата на Ердоган, а вкупно учествуваа 350 поединци и здруженија на граѓани.
Во ноември 2012 двајцата поранешни високи воени офицери признаа дека учествувале во воениот удар од 1980 година без да се покаат, тврдејќи дека тоа го сториле од љубов кон татковината. „Тоа што го сторивме беше праведно во тогашниот момент. Кога би требало да одлучам дали и денес би го сторил истото, би ја направил истата работа”, изјави тогаш поранешниот претседател Еврен од својата болничка постела.
Од 1960 година турската армија изведе три воени удара, а на 12-ти септември 1980 година во воениот преврат под водство на Кенан Еврен беше урната владата на премиерот Сулејман Демирел. Тогаш беа ликвидирани 50 луѓе, а околу 60 илјади беа уапсени од кои повеќе стотици починаа во затворите, а многумина исчезнаа за време на владеењето на тригодишната власт на војската по државниот удар. Во 1997 година повторно воените структури ја принудија на оставка владата на Нечметин Ербакан, откако неговата Партија на благосостојбата победи на парлемантарните избори во 1995 година, со што стана првиот происламски политичар која ја извршуваше оваа должност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Инцидент во хрватскиот парламент: пратеничка ја удри струја
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја.
Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката.
„Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата.
Орешковиќ одговорила дека сè е во ред, а се чини дека струјниот удар се случил кога се обидела да го вклучи полначот, пренесува Дневник.хр.

