Регион
Турција: Јилдирим: Авионите кои ги контролираат пучистите ќе бидат соборени
Турскиот премиер Бинали Јилдрими изјави ноќта кон саботата дека авионите кои се наоѓаат под контрола на учесниците во превратот ќе бидат соборени, додека министерството за правда објави дека обидот за преврат е организирано од движењето „Хизмет“, основано од исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.
Турскиот премиер Бинали Јилдрими изјави ноќта кон саботата дека авионите кои се наоѓаат под контрола на учесниците во превратот ќе бидат соборени, додека министерството за правда објави дека обидот за преврат е организирано од движењето „Хизмет“, основано од исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.
„Ќе ги соборуваме авионите кои летаат без одобрение и извршуваат злосторнички наредби од пучистите“, изјави Јилдирим за телевизијата NTV.
Медиумите претходно јавија дека борбен авион „F-16“ соборил воен хеликоптер на заговорниците над Анкара, додека воздухопловните сили кружат над турската престолнина за да ги неутрализираат хеликоптерите на воената фракција кој се обидува да ја собори владата.
За турските медиуми повеќе од командантите на родовите војски во турските вооружени сили изјавија дека не се вмешани во обидот за воен преврат, како и дека станува збор само за дел од 1-та армија.
„Турските вооружени сили не го простуваат ударот против владата“, изјавил командантот на специјалните сили откако групата, за која владата вели дека е мала фракција, објави дека ја преземала власта во Турција. Генералот Закал Аксакали во изјавата за телевизијата NTV додаде дека обидот за пуч нема да испее и дека неговите специјални сили му служат на народот.
Според министерот за правда, Бекир Боздаг, „обидот за преврат не го извеле Вооружените сили на Турција, туку група поединци во војската. Таа група е создадена под раководство на Ѓулен“, поранешниот сојузник на претседателот Ердоган кој последните години го обвинува дека со своите следбеници во правосудството, полицијата и војската воспоставил „паралелна држава“.
Во меѓувреме, организацијата со седиште во САД, блиска на Ѓулен, ја негираше својата вмешаност во обидот за воен удар против владата и претседателот Ердоган. „Осудуваме каква и да е воена интервенција во домашната политика на Турција“, се наведува во соопштението на групата Alliance fo Shared Values.
Агенцијата Anadolu во меѓувреме објави дека во обидот да биде заземена претседателската резиденција во Анкара, додека претседателот Реџеп Тајип Ердоган, најверојатно се наоѓаше за време на ударот во Истанбул, биле уапсени 13 лица, од кои тројца биле од високата воена команда. Се додава дека откриени се повеќе од 100 организатори на превратот, од кои некои се уапсени.
Во меѓувреме медиумите јавуваат дека во Анкара и натаму се слушаат истрели и експлозии. Во експлозија на бомба во зградата на парламентот, според информациите на телевизиите повредени се 15 луѓе. Се јавува и за силна експлозија во Истанбул.
Претходно агенцијата Anadolu, повикувајќи се на полициски извори,објави дека во во седиштето на специјалните сили во Анкара се убиени 17 полицајци.
Информациите говорат дека тенковите на заговорниците излегле на улиците на Анкара и Истанбул, но не успеале далеку да стигнат. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.