Регион
Турција ќе ги истражи наводите за германското шпионирање

Официјална Анкара има намера многу внимателно да ги истражи наводите дека германското разузнавање ја шпионирало Турција од 2009 година, пренесуваат турските медиуми во неделата повикувајќи се на извори од владејачката партија.
„Сметаме дека тие материјали неопходно треба сериозно да се сфатат (…) Се разбира, нашата влада и министерството за надворешни работи е ја спроведат неопходната истрагата за наводите содржани во написот на списанието (Der Spiegel)“, изјавил за заменик претседателот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКР), Мехмет Али Шахин.Притоа Шахин истакнал дека е неопходно „со претпазливост“ да се разгледаат материјалите на германскиот весник, бидејќи станува збор за списание кое не е многу благонаклонето кон Турција и „подготвува многу необјективни информации за партијата, особено за Реџеп Тајип Ердоган“, досегашниот повеќе од децениски премиер кој минатата седмица беше избран за претседател на првите турски избори на кои шефот на државата се избираше со непосредно гласање на избирачите. Претходно магазинот Spiegel објави напис во кој се споменува дека германската Федерална разузнавачка служба BND шпионирала партнерска земја од НАТО, а ги прислушувала и телефонските разговори на поранешната американска државана секретарка Хилари Клинтон и на нејзиниот наследник актуелниот челник на дипломатијата на САД, Џон Кери, чии разговори биле снимени „по грешка“. Во неделата германски владини извори за весникот Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung, прецизираа дека земјата партнер од Алијансата која германското разузнавање ја шпионирало е Турција. Ваквите активности се образложени со тоа што случувањата во Турција имале директно влијание врз германската внатрешна безбедност, имајќи предвид дека во Германија живеат милиони Турци./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.