Регион
Турција ќе произведува свои ракетни системи надвор од НАТО
Турција не се откажува од намерата од Кина да порача ракетен одбранбен систем во износ од 3,4 милијарди американски долари, изјави во четвртокот министерот за одбрана Исме Јилмаз, и покрај загриженоста на западните партнери на Анкара, во врска со сигурноста и усогласеноста на ова оружје со системите и стандардите на НАТО.
Министерот за одбрана Имсет Јилмаз во писмениот одговор на прашањето поставено во парламентот во четвртокот одговори дека Турција ќе го користи системот со долг дострел кој нема да биде интегриран во системот на НАТО.
По доделувањето на зделката за набавка на ракетен систем на Кина во 2013 година и загрижените предупредувачки реакции на САД и на НАТО, Турција тогаш објави дека за тоа е во преговори со Франција, чијашто понуда била полоша од кинеската, но Јилмаз откри дека немало нови понуди од западните земји.
„Системот ќе биде интегрирани во одбранбениот комплекс на Турција и ќе се користи без интегрирање во НАТО“, рече министерот Јилмаз, истакнуваат во своите извештаи турските медиуми.
Тендерот за набавка на противвоздушен ракетен систем со долг дострел, инаку Турција го објави уште во 2009 година, а во септември 2013 година беше објавено дека најдобра понуда дала кинеската компанија CPMIEC, која ги победи американските, европските и руските конкуренти.
САД тогаш изразија загриженост од тоа што Турција како членка на НАТО се одлучила да соработува со кинеската компанија China Precision Machinery Import & Export Corp“ (CPMIEC), компанија којашто е под американски санкции поради прекршување на договорот за неширење оружје, односно воена соработка со Иран, Северна Кореја и со Сирија.
Притисокот од НАТО врз Анкара предизвика резултатот од оваа понуда за јавна набавка да биде поништен. Меѓу другите, овој тендер претендираа да го добијат американската компанија „Raytheon & Lockheed Martin“ и европскиот концерн „Eurosam“. Според Јулмаз, најдобрата понуда и на овој тендер била кинеската, а нови немало.
Експертите сметаат дека со овој потег Турција сака да обезбеди самостојна заштита во регионот, од опасностите кои за неа потенцијално ги претставуваат немирниот Ирак и Курдите кои таму добија автономија а може да се случи тоа да го сторат и во соседна Сирија кои би соработувале со турските Курди кои сакаат отцепување, потоа секогаш непријателски расположената Сирија, како и Иран, кој и покрај некои приближување се уште нема воспоставено потопли односи со Анкара.
Се смета, исто така, дека со самото тоа што Турција ќе соработува со Кина, тоа ќе значи и дека ќе биде насочена на соработка и со Русија, имајќи предвид дека најавениот кинески систем за противракетна одбрана се темели на застарена руска технологија, и за негово модернизирање Анкара ќе треба да и’ се обрати директно на Москва./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама објави укинување на забраната за ТикТок во Албанија
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека социјалната мрежа ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија.
Во интервју за „Политико“, Рама истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека наскоро ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во таа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани ТикТок пред една година, кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Регион
Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и на кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и на кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа кај надлежните органи.
По правило тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка Дирекцијата навремено ги информира сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група, составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија, Анте Шушњар, често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.

