Контакт

Регион

Турција: Со солзавец и водени топови заземена редакцијата на Zaman

Објавено пред

Турската полиција во петокот вечерта ги зазема просториите на дневниот весник Zaman кој се смета за опозициски на исламско-конзервативниот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по судската одлука овој весник да биде ставен под надзор, што предизвика во светот нови коментари за слободата на говорот во Турција.

dobivaj vesti na viber

Полицијата со солзавец и водени топови ги растера стотиците луѓе кои се собраа пред седиштето на весникот Zaman во центарот на Истанбул и влегоа во зградата, извести репортерот на AFP. Дописникот на Reuters, пак, пренесува дека полицијата ја разбила влезната врата и дека снимките покажуваат пресметка со вработените на весникот во просториите.

Во саботата утрото приодите кон редакцијата на весникот беа препречени со безбедносни огради. Полициските сили се влезени во зградата.

„Ова е мрачен период за нашата земја, за нашата демократија“, изјави главниот уредник на Zeman, Абдулхамит Биличи,

Во петокот малку порано, судот во Истанбул на барање на државниот правобранител наред да се именува привремена управа на медиумската групација Zeman, објави државната новинска агенција Anadulu. Агенција не ја наведе причината за ваквиот надзор, но за турската јавност нема многу сомневање дека станува збор за нетрпеливост меѓу уредништвото на весникот и актуелната власт.

Групацијата „Zaman“ којашто покрај дневниот весник Zaman ги поседува и весникот на англиски јазик Today’s Zaman и новинската агенција Cihan, се смета за блиска на исламскиот проповедник и филозоф Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а се смета за заслужен за политичкиот подем на Реџеп Тајип Ердоган, но подоцна стана негов најголем противник, а по избувнувањето на корупциската афера од крајот на 2013 година, власта го обвини за создавање паралелна држава со цел да ја собори владата на партијата AKP.

По оваа афера турските власти спроведоа чистки во полицијата и во правосудството и кривично ги гонат лицата поврзани со ткн мрежа на Ѓулен, и ги поткопуваат нивните финансиски интереси.

Веднаш по објавувањето на правосудната одлука, десетици новинари и вработени во Zаman се собраа пред седиштето на весникот во Истанбул, што беше директно пренесувано на интернет страницата на весникот. „Ќе се бориме за слободата на медиумите“, порачаа новинарите.

Европската унија ја израз во саботата својата „искрена загриженост“ за слободата на медиумите во Турција, во врска со случајот на весникот Zaman. Овој случај, инаку, се одигрува два дена пред самитот ЕУ-Турција за мигрантската криза, на кој Анкара се надева да ја забрза постапката за заживување на запрените пристапни преговори со ЕУ, и добивање финансиска помош, во замена за нејзините напори за запирање на бранот имигранти и беглаци кои кон Европа заминуваат од турското крајбрежје.

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, изјави дека е „многу загрижен поради најновите случувања во врска со Zаman кои го доведуваат во прашањето напредокот на Турција во другите сфери“. „Внимателно ќе следиме што се случува. Турција, којашто е кандидат за членство, мора да ја почитува слободата на говорот. За темелните права не може да се преговара“, порача Хан.

Известувачката на Европскиот парламент за Турција, Кети Пири, порача дека „Медиумската групација Zaman е замолчена во Турција. Пресметката со слободата на медиумите, за жал, продолжува“.

САД преку портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, изразија жалење поради „последната во низата правосудни и полициски одлуки на турската влада против медиумите и оние коишто ја критикуваат“.

Турската опозиција, невладините организации за заштита на медиумите и многу западни земји со месеци изразуваат загриженост поради сé поголемиот притисок на Ердоган и неговата влада врз медиумите и предупредуваат на авторитарниот начин на неговото владеење, пишува во саботата агенцијата DPA.

Загриженост поради случувањата околу весникот Zaman изрази и новинарското здружени Committee to protect Journalists од Њујорк, порачувајќи дека тоа „отвора пат за ефикасно гушење на остатокот критички расположено новинарство во Турција“. Од Reporters sans frontières порачаа дека „целосно е нелегитимно и недозволиво тоа што Ердоган го искористи правосудството за да ја преземе контролата над големите весници и да ја елиминира поличката база на Ѓулен во општеството“. Amnesty International, пак, порача дека потезите на турската влада го одразуваат „продолжениот напад врз опозициските медиуми“ и дека со тоа „турскиот претседател ги погазува човековите права“.

Во соопштението на Здружението на турските новинари (TGC) се вели дека „назначувањето на државен повереник стана најновата алатка за замолчување на медиуми“. „Менталитетот да се замолчуваат медиумите преку затворања, апсења, забраната на интернетот и големи парични казни, ги оптоваруваат весници и телевизиите кои се уништуваат преку именување државни управници“.

Меѓународниот новинарски институт (International Press Institute – IPI), со седиште во Виена, истакна дека ситуацијата со медиумските слободи во Турција е „крајно загрижувачка“. „Турската влада, се чини, е подготвена да оди до крај во замолувањето на оние кои се сомелуваат да ја критикуваат политиката на претседателот и на владејачката AKP…“, изјави директорот за комуникации на IPI, Сивен Елис во соопштение. Тој ги повикува дипломатите и претставниците на големите меѓународни медиумски куќи „да ја потсетат владата на Турција“ дека мора да ги почитува медиумските слободи.

Светската асоцијација на весници и издавачи (World Association of Newspapers and News Publishers – WAN-IFRA), преку својот директор Ендрју Хеслоп, исто така, го осуди ставањето под државен надзор на весникот Zaman. Според него чекорот на турската влада претставува „невиден чекор кој му го ускратува на турскиот народ пристапот до алтернативните избори на информации…“/крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани

Објавено пред

Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.

dobivaj vesti na viber

Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.

Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.

Фото: илустрација (Depositphotos)

Прикажи повеќе...

Регион

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Објавено пред

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.

dobivaj vesti na viber

Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.

Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.

Пејачот бил во куќата

Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.

Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.

Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.

Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија

Објавено пред

Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.

dobivaj vesti na viber

Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.

Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.

Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.

Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија11 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија12 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија14 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион15 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија15 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија16 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија16 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет19 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа19 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет20 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа20 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет20 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет21 час

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија21 час

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија2 дена

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија2 дена

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...