Регион
Турција: Уапсени 11-те командоси кои се обиделе да го заробат Ердоган
Турските специјални сили уапсиле 11 командоси во бегство, кои биле вмешани во обидот да го заробат претседателот Реџеп Тајип Ердоган во текот на неуспешниот воен преврат од ноќта на 15-ти кон 16-ти јули, објави агенцијата Anadolu во понеделникот.
Единаесетте воени командоси биле дел од групата која го извела нападот врз хотелот во кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган отседнал ноќта на 15-ти јули во југозападното летувалиште Мармарис. Ердоган, кому му било дојавено дека е во опасност, го напуштил хотелот до моментот кога тие пристигнале.
Нивното апсење следува откако турските власти отпуштија уште 1.400 припадници на вооружените сили и како мерка за јакнење на контролата во војската по неуспешниот обид за пуч во неделата го пополни воениот совет со владините министри.
Агенцијата известува дека бегалците се уапсени во округот Ула во покраината Мугла, откако жандармериските специјални сили, поддржани од хеликоптери и беспилотни летала, по дојава биле испратени во споменатата област.
Избувнала престрелка кога специјалните сили се судриле со командосите бегалци, но засега нема извештаи за евентуални жртви.
Неколку десетици демонстранти се собрале и бучно протестирале пред жандармериската станциа во која биле донесени командосите, пред да бидат одвеени во полициската станица во истата област.
Наводно вкупно 37 војни се вмешани во неуспешната операција за заробување на Ердоган во Мармарис и 25 од нив беа претходно уапсени, наведува Anadolu.
Последиците од неуспешниот пуч притворања и суспендирање од должностите на повеќе од 66.000 луѓе од војската, правосудството, јавните служби и образовните институции, што ги вознемирува турските сојузници во НАТО и создаде тензии меѓу Анкара и Западот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

