Регион
Турската полиција ги спречува мигрантите да влезат во Грција
Стотици мигранти, повеќето сириски бегалци, ја минаа ноќта кон средата недалеку од турската граница со Грција, откако полицијата ги запре во обидот да преминат на територијата на Европската унија.
Купови смет и шатори во средата се забележливи покрај патот недалеку од градот Едирне, оддалечен од граничниот премин околу седумнаесет километри. Полицијата од вторникот постави препреки и ги спречи мигрантите да го продолжат своето патување кон Грција, а запрени се и автобусите кои ги превезуваат од Истанбул до Едрене. Откако минаа студена ноќ на отворено, некои семејства се упатија назад кон Истанбул, но многу ја останаа упорни во тоа да најдат начин како да ја минат границата по секоја цена.
Во Турција се наоѓаат повеќе од два милиона Сиријци и Ирачани, што претставува најголема бегалска популација во светот, но тие поради недостиг од работни места и надежите за подобар живот во Европа сé повеќе се обидуваат илегално да ја минат границата за да дојдат до Европската унија.
Додека Анкара се бори да се справи со хуманитарната криза, фрустрирана поради изостанувањето на поддршката од европските партнери, се стравува дека турските функционери би можеле да ги затворат очите пред обидите на бегалците да ја напуштат Турција. Мигрантите последните денови се ориентираа на турските копнени граници поради сé поголемиот број загинати по поморските тури кон Европа.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повторни го обвини за бегалската криза својот некогашен сојузник, а последните пет години непријател, сирискиот шиитски претседател Башар л-Асад.
„Не може повеќе да се седи и да се гледаат телата на жени и деца исфрлени на бреговите на Средоземното и на Егејското Море. Решението на оваа криза се наоѓа во уривањето на тиранскиот режим во Сирија“, рече Ердоган./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.