Регион
Турската полиција повторно употреби солзавец по заземањето на весникот Zaman
Турската полиција повторно во саботата употреби солзавец и истрела гумени куршуми за да растера околу две илјади демонстранти кои се собраа пред просторијата на најголемиот дневен весник во земјата, откако на негово чело беше именуван државен повереник.
Судот во Истанбул донесе во петокот одлука да се именува привремена управа на новинската куќа „Zaman“ којашто покрај дневниот весник Zaman ги поседува и весникот на англиски јазик Today’s Zaman и новинската агенција Cihan. Овие медиуми се сметаат за блиски на исламскиот проповедник имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а од до сојузник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган стана негов најжесток противник.
По избувнувањето на корупциската афера кон крајот на 2013 година, во која беа споменувани повеќе министри во владата на тогашниот премиер Ердоган, турската владејачка партија AKP го обвини Ѓулен за создавање своевидна паралелна држава и за обид за изведување државен удар. Следуваа бројни апсења и смени на високи функционери во полициските и правосудните структури.
Одлуката за привремена управа на весникот Zaman е донесена по барање на обвинителот кој го истражува верското исламско движење на Ѓулен под обвинение за тероризам, пренесуваат турските медиуми.
Полицијата во петокот на полноќ ги зазема просториите на весникот Zaman, откако со солзавец и водени топови ги растера неколкуте стотина луѓе кои се собраа пред седиштето на весникот во Истанбул./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

