Регион
Турската полиција со водени топови ги растеруваше демонстрантите

Турската полиција во петок употреби водени топови и солзавец против повеќе стотици демонстранти кои се собраа и покрај забраната да одржат марш по повод Први мај на централниот плоштад Таксим во Истанбул.
Специјалците во квартот Бешикташ во близина на плоштадот, тргнаа да ги потиснат демонстрантите, а тие возвратиле со петарди и шишиња кон полицијата.
Турската полиција претходно практично го блокира центарот на Истанбул во очекување на големиот протест по повод Први мај.
Со оглед на тоа што организаторите не добија дозвола од власта за овој протест утрово беше блокиран пристапот за возила на плоштадот Таксим, традиционалното место за одржуање на демонстрации во Истанбул.
Во Бешикташ утрово се собраа стотици луѓе кои извикуваа „Да живее Први мај“ и „Рамо до рамо против фашизмот“./крај/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси

Трагедијата се случи синоќа во Ираклион, Крит, кога 20-месечно девојче се задави додека јадеше сувлаки.
Девојчето зело парче месо додека семејството вечерало. Детето се задавило и веднаш било однесено во болницата Венизелио.
Според информациите доставени до „Cretalive“ од директорот на болницата лекарите успеале да извадат парче сувлаки од нејзините дишни патишта и вршеле кардиопулмонална реанимација повеќе од еден час, но не можеле да ја одржат во живот, објавува „Прототема“.
Во истиот град во среда попладне, се удави 11-годишно дете. Пливачите се обидуваа да му помогнат сè додека не пристигна брзата помош. Малото дете беше однесено во болница, но и покрај напорите на лекарите, почина.
Фото: принтскрин
Регион
Земјотрес ја погоди Лефкада: „Многу се тресеше“

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 25 јули 2025 година, во 7:31 часот наутро во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лефкада.
„Столот се тресеше многу“, „Беше краток, но силен“, се само дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
На улиците во Атина температурата е повисока од 70 степени

Грците стоички го поднесуваат топлотниот бран кој, според метеоролозите, ја „пржи“ земјата и кој ќе трае до крајот на неделата. Улиците се пусти, животот како да замрел, на плажите, што ретко се гледа, речиси и да нема капачи, пишуваат медиумите во регионот.
Моментално, според написите, постои опасност од пожар на Халкидики, Тасос и Евија, а воведени се посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.
Вчера, во раните утрински часови, термалните камери веќе регистрираа температура од над 70 степени на асфалтот и зградите во Атина. Акрополо како главна атракција во Атина е затворена за посета од 12:00 до 17:00 часот. Улиците се исто така пусти, има многу помалку сообраќај, туристите се ограничуваат на прошетки низ тесните улички и посета на Националниот парк. Грчките власти отворија во секоја општина јавен простор со климатизација каде што жителите и гостите можат да се заштитат од топлината, на некои места во центарот, особено на Синтагма, се делат шишиња со вода. Сите работи на отворено се забранети, работата на службите за брза достава е ограничена.
Топлотниот бран ја зафати целата земја, а опасноста од пожари е зголемена, особено во таканаречените портокалови зони кои моментално се прогласени во централна Грција, источен Пелопонез и јужните острови. Сепак, се стравува дека ветерот ќе се засили кон крајот на неделата, што би можело да предизвика нови пожари. Досега се регистрирани 40 пожари дневно, најдраматичен беше во Коринт, каде што во изминатите два дена изгореа 1.200 хектари борова шума и десетина куќи, населението беше евакуирано од шест општини, од кои Кастања беше најтешко погодена, според написите.
Фото: принтскрин