Регион
Турската влада добива право да блокира сајтови

Премиерот на Турција, како и било кој министер во владата би можеле, без судска дозвола, да добијат право да ја блокираат секоја веб страница.
Ова би можело да се темели врз широката дефиниција „за заштита на јавниот ред“, врз основа на амандмант поднесе во последен час на еден закон кој се разгледува во турскиот парламент, пишува во вторникот весникот Хуриет.
По измена на амандманот на предлог законот на новиот закон за фондации и здруженија, премиерот и министрите ќе можат од Одборот за телекомуникации да побараат во рок од четири часа да го затворат било кој сајт, повикувајќи се на националната безбедност, заштита на јавниот ред или спречување на злочинот.
Амандманот го поднесе владејачката Партија на правдата и развојот.
Барањето од премиерот или од министер ќе биде доволно Одборот итно да постапи, тако што ќе блокира пристап до посочениот сајт или ќе ја отстрани спорната содржина во има на „заштита на правото на живот, заштита на човековата околина, имоти, национална безбедност, јавниот ред, спречување на злосторства или заштит ана јавното здравје“.
Сајтовите ќе бидат блокирани најдоцна четири часа по донесувањето на одлуката, а мерката ќе трае се додека спорните содржини не бидат отстранети. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.