Регион
Турски новинари осудени за карикатура од Charlie Hebdo

Двајца турски новинари осудени се на две години затвор откако во својот весник ја пренесоа карикатурата на пророкот Мухамед од контроверзниот француски сатиричен неделник Charlie Hebdo.
Новинарите кои работат за левичарскиот дневен весник Cumhuriyet, критично настроен кон исламско-конзервативната влада, карикатурата ја преобјавија откако џухадистите во јануари минатата година ја нападнаа редакцијата на Charlie Hebdo и притоа убија единаесет луѓе.
Премиерот Ахмет Давутоглу таа карикатура ја нарече провокација и посочи дека навредувањето на религијата не може да се смета за слобода на медиумите.
Весникот Cumhuriyet е во неколку жестоки судири со владејачката Партија на правдата и развојот (AKP). Против главниот уредник Чан Дундар и новинарот Ердем Ѓул се води затворен за јавноста процес за објавување на напис за турското за испорака на тешко вооружување на радикалната сунитска група Исламска држава во Сирија, под закрила на турските тајни служби и со вмешаност на лица од семејството на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Овој по повод написот им порача дека ќе платат „висока цена“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.