Регион
Турските политички партии со `натпревар` во предизборните ветувања
Дваесетина дена пред парламентарните избори во Турција, кои треба да се одржат на 1-ви ноември годинава, политичките партии во земјата речиси се натпреваруваат во предизборните ветувања.
Дваесетина дена пред парламентарните избори во Турција, кои треба да се одржат на 1-ви ноември годинава, политичките партии во земјата речиси се натпреваруваат во предизборните ветувања.
На прокламацијата на изборните ветувања на Партијата на правдата и развојот (АКП) во Анкара, во неделата, премиерот Ахмет Давутоулу најави дека со новите реформи кои ќе бидат спроведени по изборите ќе бидат опфатени сите слоеви на народот. Според Давутоулу, ветувањата на неговата партија, не можат да се споредат со оние на другите партии и тие предвидуваат реформи кои можат да се споредат само со стандардите на членките на Г-20, бидејќи со нивното реализирање секој ќе стане граѓанин од прв ред.
Првото ветување на партијата на премиерот Давутоулу е новиот устав и гарантирање на основните права и слободи. Според Давутоулу со реформите ќе се отклонат сите основи за дискриминација во општеството какооние во вработувањето, образованието инаселувањето. Меѓу ветувањата се истакнуваатзабрзувањето на активностите за изнаоѓање решенија за проблемите на населението од ромска припадност, како и решавањето на проблемите на алавитското малцинство и давање на правен статус на нивните верски објекти.
Со ветените реформи се најавува и укинување на досегашниот закон за политички партии и донесување на нов закон кој ќе ја гарантира слободата на политичките партии, продолжување на процесот на решавање на курдското прашање,измени во правниот систем и децентрализација на образованието. Најголем интерес побудија ветувањата од областа на економијата, меѓу кои оние за доделување накредитите под поволни услови напретприемачите од женскиот пол и доделување неповратни средства до 16 илјади евра за младите стопанственици кои ќе започнат свој бизнис.
Премиерот Давутоулу меѓу другите проекти ја најави и изградбата на нов трокатен тунел преку Босфор, со капацитет од 6,5 милиони патници дневно кој ќе биде единствен од таков вид во светот.
Меѓу бројните ветувања на партиите се наоѓаат разни привилегии за пензионерите почнувајќи од покачувања на пензиите, поволни станбени кредити, сѐ до укинување на партиципација за лекови и лекарски прегледи, но многу новини има и за занаетчиите, за младите мајки и за младината.
Најголем интерес во јавноста предизвикаа ветувањата за покачување на минималната плата. Додека АКП им ветува на своите избирачи покачување на минималниот личен доход од досегашните 1000 турски лири (330 евра) на 1300 турски лири (околу 430 евра) во предизборниот натпревар се вклучени и другите поголеми партии. Медиумите континуирано ги објавуваат ветувања од кои некои ги надминаа оние на партијата на Давутоулу.
Така на пример, Републиканската народна партија (ЏХП) на Кемал Киличдароулу вети доколку дојде на власт минимална плата од 1500 лири, Партијата на националното движење (МХП) на Девлет Бахчели 1400, а прокурдската Демократска партија на народите (ХДП) на Селахадин Демирташ, минимална плата од рекордни 2000 турски лири (околу 660 евра).
Овие предизборни ветувања предизвикаа шпекулации во јавноста според кои минималниот личен доход во земјата по изборите, без разлика која партија или коалиција ќе дојде на власт, нема да биде пониска од 1300 турски лири./крај/мф/аак
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.