Регион
Турските сили ја блокираа базата Инџирлик по сомневања за нов пуч

Околу седум илјади турски специјалци ги блокирале приодите и ја опколиле воздухопловната база Инџирлик, во јужниот дел на земјата, поради шпекулации за втор обид за воен удар во земјата, објави весникот Hürriyet.
Како што пишува весникот, текот на операцијата многу потсетувал на активностите на армијата на 15-ти јули, кога ноќта се одвиваше неуспешниот обид за државен удар. Според информации од полициски извори, операцијата траела два и пол часа.
Министерот на европски работи, Омер Челик, нa Twitter објави дека блокирањето на базата било дел од „целокупната безбедносна процена, не постојат никакви проблеми“.
Според непотврдени информации, безбедносните сили ги блокирале сите влезови и излези од воздухопловната база, поради слуховите за нов обид за државен удар. Пристапот кон базата бил блокиран околу 23 часот ноќта во саботата.
Два дена по неуспешниот обид за пуч, беше објавено дека под обвинување за учество во обидот за соборување на власта во Турција е уапсен командантот на воздухопловната база „Инџирлик“, генералот Бекир Ерџан Ван заедно со уште десет офицери, која ја користат и авионите на НАТО и земјите од коалицијата предводена од САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава во Сирија и во Ирак, на која беа запрени сите операции во петокот на 15-ти јули вечерта, со појаснување поради безбедносни причини./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.