Регион
Турските власти ќе затворат преку 130 медиуми
Турските власти во средата издале наредба за затворање на преку 130 медиуми, односно три новински агенции, 45 весници, 29 издавачи куќи, 23 радио станици, 15 магазини и 16 телевизиски станици, пренесуваат светските агенции.
Главната причина за затворањето на овие медиуми е поврзаноста со имамот Фетула Ѓулен, кој во моментов е во САД. Турските власти во средата уапсија 47 вработени од весникот Zaman, медиум кој особено се поврзува со движењето на Ѓулен, а претходно во понеделникот пак беа уапсени 42 новинари и колумнисти.
Организацијата „Репортери без граници“ ја осуди постапката на турските власти, коментирајќи дека поддршката за движењето на Ѓулен не претставува доказ за вмешаност во обидот за државен удар. Бројот на уапсените поради вмешаност во ударот, пак, постојано се зголемува и повеќе од 16 илјади лица се задржани на разговор, додека пак половина од оваа бројка, односно осум илјади ќе одат на судење, изјавил турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала.
Органзацијата Amnesty International додава дека некои од уапсените било исто така и измачувани, но турските власти ги негираат овие тврдења. Агенцијата Anadolu, пак, пренесува дека уште 1.684 војници биле отпуштени во средата, вклучувајќи 127 генерали и 32 адмирали. Скоро 70 илјади војници, учители, факултетски професори и административци беа отпуштени по обидот за државен удар кој се случи ноќта на 15-ти јули.
Следната цел на турските власти сега се воените средни школи, и сите од нив ќе бидат затворени во четврток, пренесува Al Jazeera. Контролата врз воените академии сега од армијата ќе биде пренесена на министерството за одбрана. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во средата разговараше со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, потенцирајќи дека за секој од притворените мора да бидат презентирани и „кредибилни докази“. Турскиот премиер Бинали Јилдирим, пак, предупреди дека апсењата во земјата ќе продолжат, поради тоа што „процесот се уште не е завршен“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

