Регион
Туск и Орешковиќ за почитување на Шенген и помош на Македонија
Нема алтернатива за шенгенскиот режим, во решавањето на мигрантската криза, се согласија во средата во Загреб претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и неговиот домаќин хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ и ветија поголема помош за Македонија соочена со големиот прилив бегалци на нејзината јужна граница.
„Ќе бидам сосема јасен, шенгенските правила немаат алтернатива, само почитувањето на Шенгенот може да претставува основа за сеопфатното европско решение“, изјави Туск на заедничката прес-конференција со Орешковиќ во Загреб пред неговото заминување за Скопје, пренесува агенцијата Hina.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пристигна во Загреб во рамките на турнејата по земјите од ткн балканска рута, а пред самитите со Турција и Европскиот совет кои ќе се одржат на 7-ми март, како и на 18-ти и 19-ти мар. На овие средби на врвот се очекува да биде донесен сеопфатен европски план за миграциската криза.
Европските челници се противат на, како што велат, едностраните ограничувања и бараат приливот на имигрантите да се запре во Турција и на границата меѓу Турција и Грција.
Хрватскиот премиер изјавил дека „треба да се поддржат шенгенските правила“ и „максимално да ѝ се помогне на Грција на којашто паѓа најголемиот товар од бегалската криза“. И трето, истакнал Орешковиќ, тоа е поддршката за Македонија на којашто Хрватска на помош веќе ѝ испратила полициски сили.
Поради ограничувањата во протокот на имигрантите и коишто прва ги воведе Австрија, а ги следеа другите земји на балканската рута, на грчко-македонската граница се опишува како хаотична, а се преценува дека на граничната линија има околу 20.000 бегалци.
Туск смета дека на Македонија ѝ е неопходна помош во управувањето со кризата којашто „го тестира нашето единство и предизвикува тензии во ЕУ и во регија“.
„ЕУ ја разбира тешката ситуација на владата во Скопје која не смееме и не можеме да ја оставиме сама во оваа ситуација. Мораме да ги мобилизираме членките во решавањето на хуманитарната криза во Грција и во другите балкански земји“, изјавил челникот на ЕК непосредно пред да замина за македонска престолнина каде што подоцна во средата попладне ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов/
Упорно останувајќи на Шенген, Туск го повторил ставот на Брисел дека мигрантската криза не може да се реши со еднострани мерки, туку со посилна заштитата на надворешните граница на ЕУ, функционирањето на собирните центри во Грција и распоредувањето на имигрантите и бегалците на другите членки на ЕУ.
„Мораме да ја избегнеме заблудата дека постои некакво поинакво европско решение освен почитувањето на шенгенските прописи. Таа нема да ја реши кризата, но без нив немаме шанса тоа да го решиме“, порачал Туск, за кого, исто така, нема алтернатива и соработката со Анкара с која ЕУ има постигнато акционен кој засега не се спроведува./крај/мф/сн
Извор: (Hina)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

