Регион
Уапсен осомничениот за убиството во Лазарат

Албанската полиција уапси двајца браќа осомничени, дека ја предводеле групата момчиња кои се одговорни за убиството на еден припадник на елитната полициска единица во селото Лазарат на југот на земјата.
Околу 500 полицајци со поддршка на хеликоптерите ги пронајдоа двајцата осомничени, кои биле сокриени во едно воено засолниште од комунистичката ера, во шума на околу 18 километри од селото, пренесе Ројтерс.
Според наводите на обвинителството, Арбион Алико (20) и Албан Алико (18) обучувале десетина момчиња во период од шест месеци да ја напаќаат полицијата со цел да се обнови производството на канабис во Лазарат, по масовната поолициска рација изминатата година.
Италијанската полиција проценува дека во Лазарат во 2013 бил произведен канабис во вредност од 4,5 милијарди евра. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.