Регион
Уапсени членови на балканскиот огранок на „Пинк пантер“

Шест лица, државјани на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, се уапсени во населбата „Сигет“ во главниот град на Хрватска, Загреб под сомнение дека планирале кражби на банки.
Членовите на огранокот на криминалната група „Пинк пантер“се уапсени во вторникот во голема полициска акција, а групата ја сочинуваат тројца државјани на Србија, двајца државјани на Босна и Херцеговина и еден Црногорец.Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ пишува дека со апсењата полицијата спречила неколку испланирани крвави разбојништва во финансиски институции во метрополата. При претреси во станови и гаражи коишто ги користеле членовите на групата запленети се бомби, голема количина на динамит, оружје и муниција. Освен тоа, откриле дека групата украла три автомобила коишто требало да ги користат во кражбите и потоа да бидат запалени.Загрепската полиција изминатите неколку недели интензивно ја следеле и прислушувале групата. Преку размена на меѓународни информации со француската, швајцарската и полицијата во БиХ дознале дека во главниот град на Хрватска е стационирана криминална група на крадци и дека изнајмиле стан во Нов Загреб.Во текот на викендот увиделе дека се подготвува првиот планиран вооружен грабеж и полицијата ги пресретнала членовите на групата. Полицијата наводно не успеала да открие која институција била прва на ред за ограбување, а не знаат ниту како влегле во Хрватска. /крај/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.